Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: sanja spirkovski
Датум на породување: 13.12.2011година
Тип на породување: природно
Болница: Државна болница Скопје
Се' започна 4 недели пред мојата свадба. Ми доцнеше но мислев дека е поради свадбата... стрес, возбуда... сепак решив да направам тест и се појавија 2 цртички. Бев премногу среќна, толку возбудена што заборавив на свадбата и се окупирав со малото ангелче што расте во мојата утроба.
Поминаа 9 месеци а мојот немирко се уште беше карлично поставен и немаше намера да се сврти. Сите доктори ми рекоа дека мораме царски затоа што сум многу малечка и породувањето ќе оди тешко. Терминот ми беше на 21.12.11 а царскиот ми го закажаа на 17.12.11, но на мојот немирко му се брзаше... Бевме на гости таа вечер а бебето цело време мрдаше толку многу што јас се пошегував и му реков: не мрдај толку ке ми го пукнеш водењакот... и како да ме слушна. Отидовме дома доцна, околу 1ч. Не ни се спиеше и со маж ми гледавме филмови до 3.30ч. Дури и се пошегував со него велејќи му: ајде да се сликаме за последен пат сами. Само што си легнавме ме разбуди жешката вода што течеше од мене. Станав и отидов до тоалетот, беше 4.15. Водењакот ми пукна...започна, не ми се веруваше... Го разбудив маж ми, а тој веднаш скокна целиот во паника со еден куп прашања... сигурна си? И сега? Одма да одиме? Се истуширав, си ги спремив работите и веќе почнаа болките...беше 6.00 часот и ние тргнавме кон болницата. Таму ме прегледаа, ми рекоа дека сум отворена 4 прсти и ме пратија на патолошка бидејки сум прворотка и немало да биде така брзо. Моите болки беа преголеми, и се јавив на другарка ми која работи во болницата и таа веднаш дојде. Ме однесоа во породилна сала и кога ме прегледаа бев веке 8 прсти отворена. Сите се чудеа како толку брзо, а прворотка. Немаше време ниту за царски ниту за анестезија, бебето доаѓаше. Ме качија на бокс во 9.15 а во 9.30 излезе моето најубаво бебе на светот. Незаменливо искуство, бесценет момент - јас се претворив во ние, неизмерна љубов, го гледав и не можев да верувам. Донесов на свет здраво машко дете тешко 3.260 и 50 см долго. Тие убави очи ме маѓепсаа....тоа е љубов.
Сега имаме 3 месеци, се сакаме, се гушкаме, се смееме и гугаме, уживаме во секој поминат момент заедно. Прекрасно е да си мајка!
Рингераја му посакува среќно детство синчето на sanja spirkovski !
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
14
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Биохемиската бременост е рана загуба на бременоста која се случува мно...
Што е спонтан абортус и колку е чест?
Спонтаниот абортус е природна загуба на бременоста која се случува пре...
Како се создава сперма во машкото тело?
Создавањето на сперма е сложен биолошки процес кој се одвива во машкио...
Убавите раце и нокти не се само естетски впечатливи. Тие се и знак на ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?