|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: @design_and_tales

Марина Кљајиќ Петковски, 31.1.2022
Пандемијата ни ги измени животите на сите. Додека многумина останаа без работа, многумина успеаjа да создадат свои бизниси кои ги водат од дома. Периодов социјалните мрежи се моќни медуими со чија помош може да се промовира и просперира бизнис

image
/11


 

Еден таков пример е профилот @design_and_tales кој неодамна го прослави својот прв роденден.

На Инстаграм профилот @design_and_tales можете да ја разгледате понудата на портрети, постери и персонализирани нотеси.

Рингераја: Кој е креатор на профилот? 

D&T : Зад Design&Tales стои Драгица, дипломиран преведувач и наставник по англиски јазик, а веќе година ипол - графички дизајнер. 

Рингераја:Како започна приказната за design and tales? 

D&T:Знам дека многу Инстаграм бизнис приказни започнуваат со пандемијата, исто и нашата.

Го отворив профилот со цел да цртам портрети и постери, кога една девојка ми нарача нотес. Оттогаш, направени се 2800+ персонализирани нотеси, и секој еден е приказна за себе.

 

1

Рингераја: Кој производ е најпопуларен и најбаран?

D&T: Најмногу се продава дневниот планер насочен кон фитнес и здрава исхрана. Во однос на кориците - секој месец има различен бестселер, но генерално омилените се цветни. 

Но, дефинитивно имаме победник цитат на корица - It’s a beautiful day to go after your dreams. 

Рингераја: Неодамна го прославивте првиот роденден. Колку сте задоволни од досегашното работење? 

D&T: Со оглед на тоа што оваа приказна започна без некој особен план, исходот после една година беше неверојатно добар. 

Покрај Design&Tales, јас работам и како фриленс графички дизајнер, а никогаш не се откажав ни од првата љубов - јазиците, така да имаше периоди кога 24 часа во денот не беа доволни. 

Поддршката, помошта и мотивацијата од сопругот за тие денови ми беа многу важни, така да би рекла дека D&T e наша заедничка приказна.

 

2

Рингераја: Живееме во време на пандемија од која сите сме затекнати и нашите животи добија друг размер. Но, во сиот тој хаос, луѓето станаа поактивни на социјалните мрежи.Колку Инстаграм е алатка за водење бизнис и допирање до клиенти? 

D&T: Јас сум активна на Инстаграм од неговото прво лого. Отсекогаш сум ја обожавала оваа платформа, уште кога нејзината намена не беше тоа што е сега. Но, дефинитивно, најголемиот пресврт на Инстаграм го видовме во 2020та.

За жал, мислам дека популарноста на Инстаграм опаѓа поради ТикТок, и с? поголем број светски брендови се префрлаат таму. ТикТок и Инстаграм за мене се два различни света, а јас на Инстаграм склопив многу многу пријателства, истомисленици, клиенти, стекнав доверба кај моите следачи и навистина тоа сакам да остане така. 

Рингераја: Производите се достапни само преку нарачки на вашиот Инстаграм профил? 

D&T: Во моментов, да, функционираме само онлајн. Освен на Инстаграм, имаме профил и на Facebook под истото име (Design & Tales), а наскоро ќе имаме и веб страница. 

Рингераја: Ваши идни планови? Можеби некој нов производ? 

D&T: Тукушто го реализиравме годишниот планер со тврд повез (се разбира - повторно персонализиран).

Според побарувачката на нашиот профил, гледам огромна заинтересираност за journal или дневник за запишување и следење емоции, помагало за подобра ментална хигиена, па многу многу брзо ќе го најавиме и тој производ.

 

3

Рингераја: Што би им препорачале на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?

D&T: Сите кои мислат дека не се вклопуваат во шемата 9-5 работење, и кои ќе бидат спремни да работат по нова шема (24/7) треба да се охрабрат за овој чекор. 

Јас сум (или подобро кажано, бев) човек кој ужива во книги, серии, разговори со блиски, запознавање нови луѓе, а сето тоа привремено се сведе на минимум. Би препорачала истрајност и посветеност, но пред с? ОГРОМНА ЉУБОВ кон тоа што ќе се работи. Затоа што, кога работиш за себе навистина е многу полесно да се откажеш од викенд или од некоја книга што едвај си чекал да ја прочиташ, отколку кога работиш за друг. 

И благодариме на Драгица за издвоеното време :) 

Рингераја со љубов ги поддржува малите бизниси. Поддршката значи многу, па не пропуштајте да стиснете на follow копчето и на профилот @design_and_tales.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Женски ташни есен/зима 2014
Ви ги претставуваме модните тенденции на женски ташни за есен/зима 2014/2015 директно од Светската недела на модата
4
Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
3
Бојадисување на јајца со деца
За децата Велигден претставува пред се фарбање на јајца. Сите деца сакаат да бидат вклучени во овој процес. Но како фарб...
3
На кафе кај Христина, креатор на блогот Вк...
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Низ него е раскажана приказната за неговата креаторка Христина Митрес...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?