|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Денес разговараме со Дијана, креатор на Инстаграм профилот Candle world

image
/11


Рингераја: Дијана кажи ни малку повеќе за себe

Јас сум Дијана. Најпрво нешто што би го кажала за себе е дека сум личност која е комуникативна, со визија за личен развој, исполнителна, креативна, подготвена за реализација на идеите кои ги имам. При реализација на идеите пристапувам со уметничка љубов и посветеност следејќи ги модерните текови во кои ги внесувам сопствените визуелизации и посебности. Во суштина имам уметнички дух и голема смисла за нешто посебно неексплоатирано во јавноста, како и конкретново да го наречам хоби изработка на свеќи и фигури.

 

slika1

Рингераја: Како се појави заинтересираноста и желбата за овој бизнис?

Во моето секојдневие често добивам идеи за лични изработки на разни предмети. Уште од тинејџерски години креативноста во мене ме инспирираше да изработувам украсни форми за својот дом, кои го разубавуваа и му даваа посебност. Еве, еден пример од кошула која има апликација, а не ја носев направив слика со мои дополнувања која ја поставив во дневниот престој.

За конкретнава изработка на свеќи и фигури идеја имав пред неколку години, кога изработував лого за друг производ, бидејќи завршив графички дизајн и изработувам логоа, страни, како и давам идеи како да изгледаат. На почетокот почнав да екпериментирам, ми доаѓаа конкретни идеи за финални изработки и така се роди оваа работа за која отворив и страна на Инстаграм со назив Candle world па секој кој е заинтересиран може да ја посети и да ме контактира.

Покрај изработки на свеќи и разни фигури, како љубител на фотографирањето изработувам и фотографии. Од идеја, преку креативност до конкретна изработка на нешто уникатно е моето мото.

 

slika 3

slika3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Рингераја: Оваа година славевте втор роденден. Како ќе ги опишете изминатите 2 години работење?

Брзо ми помина периодот од две години. Искрено нешто пред овој период проучував за начинот на изработка, кои материјали се потребни, како се подготвуваат, како да ги дизајнирам и комбинирам, а најважно како да им дадам посебност за задовоство на нарачателите.

Реално почетокот беше тежок, бидејќи станува збор за рачни изработки, но со љубовта со која ги изработувам станува лесно, а задоволството е големо кога од сопствените раце ќе произлезат финални производи, кои во дел може да ги видите на страната @candle_world.mk.

Затоа секој кој има идеи, желба и вештини го охрабрувам сопственото хоби да  го претвори во мал бизнис.

slika5

slika6

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Рингераја: Какви производи имате и каков е процесот на нивната изработка? 

Нудиме рачна изработка на свеќи,вазни и декорации, скулптури, украсни форми по нарачка. Процесот на изработка започнува со подготовки на потребните смеси, моделирање, израмнување односно шмирглање, лакирање, бојадисување сето ова рачно и со посебно внимание. Потоа осмислување на комбинации, а понекогаш и со додавање на елементи од природата. За сето ова користам посебен простор во мојот дом и сите потребни алатки.

 

slika7

slika8

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

slika9

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Рингераја: Кои производи Ви се најбарани?

Не би можела да издвојам некој посебно. Се случува некој да побара рачно изработена свеќа, а наредниот пат нарачката да биде комбинација од повеќе производи. Нешто во претходните денови барањата беа насочени кон склуптурите или комбинации од свеќи и вазнички.

 

slika10

slika11

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Рингераја: Кои од Вашите производи Ви се посебно драги и зошто е тоа така?

Производи кои ми се посебно драги...Хммммм. Тешко е да се одговори на ова прашање. Бидејќи ги изработувам со голема љубов за мене сите изработки се посебни на свој начин. Но сепак еве како првично изработени креации драги ми се свеќите и вазните.

 

slika12

Рингераја: Дали често добивате коментари од Вашите потрошувачи? Кои од нив ви останале во сеќавање? 

Да, често добивам коментари, за мое големо задоволство коментарите се позитивни, но и мотивирачки. Понекогаш дадените коментари будат и идеи за нови креации.

Коментари кои ми се во сеќавање и кои ќе ги паметам се во насока дека производите се прекрасни, добро комбинирани, а најинтересен коментар ми бил "Оооо зарем ова рачно, па се е како од машина". Посебно ми е задоволство кога побарувачите ќе ми пратат слика како изгледа производот во нивниот дом  па често ќе си речам сама на себе "Браво Дијана, е те бивало за ова."

 

slika13

Рингераја: Имате ли некоја посебна приказна поврзана со бизнисот која сакате накратко да ја раскажете?

За моите изработки од разговорите кои ги имам, има интересни кратки приказни, најлесно со моите блиски.  Но најинтересна ми беше една случка со моја побарувачка, госпоѓа која беше пред свршувачка со својот избраник. Младата дама купи една склуптура на жена  а потоа побара да и се изработат уште неколку. По нивната изработка и уредување на полиците во заедничкиот дом, ме повика и ми вика погледни Дијана јас овие фигури си ги нареков Љубов, бидејќи ги поставив така и тоа сум јас во разни изрази со љубовта која ја имам кон мојот избраник.

Рингераја: Ќе ни откриете ли некои од Вашите идни планови?

Идните планови ми се движат во насока на конкретизирање на идеите за нови производи. А кои и какви нека биде мала тајна која ќе ја објавам на страната Candle world.

Рингераја: За крај што ќе им порачате на нашите читатели?

Најпрво голем поздрав до Вашите читатели, до Вас лично и Ви се заблагодарувам што ме повикавте на ова интервју.

Ги повикувам вашите читатели да ја посетат мојата страна, доколку сметаат и лично да ме контактираат. А посебно им порачувам ако имаат идеи своето хоби да го претворат во конкретна креација, изработка или нешто друго како би развиле свој мал бизнис.

На крај Ви посакувам успех во работата и позитивни, случувања и искуства. Уште еднаш поздрав од срце до вас и вашите читатели.

 

Ваша Дијана

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мајка. Сите три сме со различни професии, економист, ...
4
Бијонсе бремена на MTV VMAs-како изгледаше...
Веста дека Бејонсе е бремена беше една од главните на доделувањето на MTV VMAs. Погледнете ги фотографиите, како изгледа...
3
Шакира ќе се мажи!
Пејачката Шакира и нејзиниот дечко, фудбалерот Жерард Пике, планираат да се венчаат ова лето, пренесуваат колумбиските м...
3
Жити Бога не го ставај тоа на Фејсбук!
Сами сме виновни за 90% од информациите кои за нас ќе завршат на Фејсбук, а можеби нема да бидат сфатени и прифатени на ...
3




Анкета

Градинка.
Admin

Во која градинка посетува вашето дете?