|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пет најчудни труднички стравови

Редакција Рингераја, 25.4.2023
Секоја жена која била бремена ќе Ви каже дека анксиозноста и разните стравови се многу честа појава пред породување

image
/11


Кај многу жени стравот е присутен од моментот кога ќе видат дека тестот за бременост е позитивен.

Во прилог се пет откачени стравови на трудниците:

 

- Утринските мачнини му оневозможуваат на бебето да добива доволно храна. Опуштете се. Без оглед на тоа колку ќе исфрлите од себе, Вашето бебе ќе си ги земе сите хранливи материи кои му се потребни. Добрата рабора е што нападите на мачнина и повраќање завршуваат до второто тромесечие. Во принцип, обидете се да јадете здрави оброци, да не бидете дехидрирани и да ги пиете пренаталните витамини, па и двајцата ќе бидете во ред.

 

Бебето знае кога имате секс – Сигурни сме дека носите генијалец, но верувајте, бебето нема појма за тоа што се случува вон материцата. Се' што чувствува е само благо нишкање.

 

Нема да стигнете во болница навреме – Сите сме слушнале луди приказни за породување во такси, авион или кабина за пресоблекување во шопинг центар. Во реалноста, многу жени имаат време да се истушираат, да ја исчешлаат косата, да ја спакуваат торбицата и да ги викнат своите најмили.

 

Со лежење на страна ќе го стиснете бебето – Бебето има доста простор за уживање во Вас. Прашање е само дали лежењето Ви е удобно Вам.

 

Водењакот ќе Ви прсне на јавно место и ќе направите поплава – На некои жени пукањето на водењакот им изгледа како голема поплава , но кај повеќето жени тоа е многу слаб, краткотраен млаз. Не грижете се дека ќе направите поплава додека чекате ред во продавница. На повеќето жени водењакот нема да им прсне до почетокот на активното породување, а до тогаш веројатно веќе ќе бидете во болница.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 работи кои бебето во стомакот не ги сака
Дали забележавте дека бебето во матката реагира на силното смеење и на одредена храна, со нагли движења? Некои работи шт...
17
Девет неверојатни месеци
Дали знаевте дека во третиот месец од бременоста рацете на бебето се подолги од неговите нозе? Дали сте знаеле дека во п...
13
Табела на раст на плодот по недели
Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста? Проверете како плодот расте во мајчина...
13
Видео: Како расте бебето од недела во недела?
Честитки, бремена сте! Потребни се 40 недели за вашето бебе да порасне од мало семе до голема лубеница. Проверете ја гол...
6




Анкета

Движења на бебиња.
пеперутка16

Во која недела од бременоста почнавте да ги чувствувате движењата на бебето?