|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ортопедски проблеми кај децата

Редакција Рингераја, 11.7.2019
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јавуваат рамни табани, одење на прсти, одење со нозете навнатре, одење со колената нанадвор и одење со споени колена

image
/11


Некои од овие состојби исчезнуваат со текот на времето без никаков третман. Некои состојби кои остануваат или стануваат посериозни може да се поврзани со други состојби. Други ортопедски состојби пак, како на пример дупчето на брадата, се само нормални варијации на човечката анатомија за кои не е потребен никаков третман.

Рамни табани 

Повеќето бебиња се раѓаат со рамни табни а потоа стапалата правилно им се обликуваат. Но, кај некои деца вдлабнатината во стапалото никогаш не се оформува. Родителите често забележуваат дека нивното дете има “слаби глуждови”, но всушност глуждовите се вртат навнатре при одење поради начинот на кој стапалата се оформени.

Рамните табани обично не претставуваат некаков голем недостаток и докторите препорачуваат лекување само доколку дојде до појава на болки. Тие не препорачуваат ниту некакви посебни обувки бидејки тие не влијаат на формирањето на вдлабнатината во стапалото.

Родителите на деца со рамни табани обично велат дека нивните деца се “потрапави“ отколку другите но докторите велат дека рамните табани не се причина за загриженост и тие не би требало да претставуваат пречка во способноста за спортување. Понекогаш докторите препорачуваат посебни влошки како поддршка за стапалото за намалување на болката.

Одење на прсти 

Одењето на прсти е вообичаено кај децата кои се на возраст на проодување т.е. околу втората година од животот. Обично оваа појава исчезнува после втората година но се случува кај некои деца да остане. Повременото одење на прсти не треба да ги загрижува родителите. Но ако детето постојано го прави ова и не престанува после втората година, тогаш треба да се посети доктор. Постојаното одење на прсти кај постарите деца или пак одењето на прсти на едната нога може да биде поврзано со други состојби како церебрална парализа и слични проблеми со нервниот систем.

Постојаното одење на прсти кај здравите деца пак треба да се лекува, понекогаш и со гипс на стапалото или глуждот кој ќе биде носен околу 6 недели со цел да се истегнат мускулите.

Одење со стапалата навнатре 

Одењето со стапалата навнатре е уште една нормална варијација на начинот на кој се оформуваат нозете и стапалата. Меѓу осмиот и петнаесеттиот месец од животот, бебињата често ги накривуваат стапалата навнатре кога учат да одат. Медицинскиот назив за оваа состојба е феморална антеверзија.

Речиси никогаш нема потреба да се лекува оваа состојба. Специјалните обувки и протезите кои порано често биле употребувани всушност никогаш не го забрзувале бавното подобрување на оваа состојба.

Ни оваа појава не претставува некаков проблем при трчање, одење, спортување, и речиси секогаш исчезнува самата кога децата преминуваат во тинејџерството и развиваат подобра координација и контрола на мускулите.

Одење со колената нанадвор 

Одење со колената нанадвор е состојба (понекогаш наследна) во која нозете од колената надолу се претерано свиткани нанадвор. Честопати се забележува кај децата и обично исчезнува со текот на времето. Но доколку оваа состојба не исчезне после втората година од животот или пак ако е присутна само на едната нога а не на другата, тогаш може да станува збор за многу поголем проблем како Рахитис или Блаунтова болест.

Рахитисот е проблем со развивањето на коските поради недостаток на витамин D или калциум во исхраната. Тој може да предизвика големо искривување на нозете на надворешната страна а може да предизвика и болка во мускулите и зголемување на слезината и црниот дроб. Рахитисот бил многу почеста појава во минатото отколку денес. Рахитисот и искривените нозе многу лесно се поправаат во денешно време со едноставно додавање на витамин D и калциум во исхраната. Но некои видови на рахитис се резултат на одредена генетска состојба и можно е да побаруваат посебен третман од ендокринолози.

Блаунтовата болест е состојба која влијае на потколеницата. Искривувањето на нозете какорезултат на Блаунтовата болест може да се забележи кога детето има околу 2 години. Оваа состојба може ненадејно да се појави и ненадејно да се влоши. Причината за Блаунтовата болест не е позната, но таа предизвикува абнормален развој на врвот на потколеницата. За да се поправи овој проблем можно е да биде потребна протеза или операција кога детето има помеѓу 3 и 4 години. Доколку искривувањето се јавува само на едната нога и постојано се влошува, потребно е да го однесете вашето дете на доктор.

Одење со споени колена 

Повеќето деца на возраст од 3 до 6 години се склони да одат со колената навнатре. Речиси никогаш нема потреба од третман бидејќи оваа состојба самата се поправа како што детето расте. Сепак, доколку состојбата е премногу изразена или пак се јавува само на едната страна, потребен е посебен третман.

Смрт на перфекционизмот, слобода за родите...
Завршив со обидите да бидам совршена. Со обидите да бидам најдобра. Со обидите да бидам доволно добра
4
Како една мајка престана да им вика на сво...
Многу ми значат пораките кои ги добивам од своите деца – па и да се исчкртани на мало парче хартија или напишани со совр...
3
Децата нека се досадуваат за летниот распу...
Дали ги забавувате вашите деца со часови по танцување, часови по пливање, часови за готвење или тенис лекции за време на...
3
10 нешта кои мајките никогаш нема да ги пр...
Секоја мајка на светов е пример за целосна посветеност, сочувство и безрезервна љубов. Мајчинството често го занемарува ...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

IZBOR NA MASKO IME
Ane79

Pomognetemi da izberam edno od ovie iminja

David (31%)

Andrej (36%)

Mihail (33%)


Број на сите гласови: 196

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!