|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Опасни лековити билки за трудници

Редакција Рингераја, 28.1.2013
Некои лековити билки е подобро да се избегнуваат во бременоста. Ви носиме список на тие билки и нивното дејство на организмот

image
/11


 

 

Некои билки можат да бидат потполно безопасни за трудниците, но постојат и такви кои треба да се избегнуваат во бременоста, особено во количини кои не се препорачливи. Пред употреба на било која билка добро е да се консултирате со фитоароматерапевт или гинеколог. Ви носиме список на најчесто употребуваните лековити билки кои е подобро да ги избегнувате додека сте бремени:

 

 

 

Angelica archagelica, пелин, ајдучка трева – забранети се за трудници бидејќи во себе имаат состојки кои ја поттикнуваат и ја регулираат менструацијата, а исто така можат да предизвикаат спонтан абортус ако не се користат во умерени количини. Поголема доза од овие билки може да предизвика зголемување на крвниот притисок и бројот на отчукувања на срцето.

 

Алое Вера – поттикнува стегање на мускулатурата и заради тоа треба да се избегнува во бременоста и во случај на воспаление на желудочно-цревниот тракт. Има и лаксативни својства. Може да ја намали количината на калиум во крвта и да ја поремети работата на цревата, како и да предизвика крварење.

 

Клека – докажано е дека може да предизвика спонтан абортус, да делува на намалување на плодноста, па заради тоа е контраиндицирана во бременоста.

 

Ехинацеа -  нема доволно податоци за сигурноста на користење на оваа билка во текот на бременоста и доењето, па заради тоа се советува да ја избегнувате. Освен тоа, го намалува крвниот притисок, па заради тоа не треба да ја користат трудниците.

 

Гинко билоба – поголеми количини на гинко билоба може да предизвикаат мачнина, пролив, повраќање и главоболка, а можни се и проблеми со вените.

 

Жен-шен – заради недостаток на информации за сигурноста од употребата на оваа билка во текот на бременоста, подобро е да ја избегнувате. Исто така, многу често предизвикува зголемување на крвниот притисок и може да предизвика несоница ако се зема во големи количини.

 

Мајчина душица, оригано, рузмарин, еукалиптус – билки кои се богати со етерични масла и ако се користат во големи количини, можат да ја стимулираат работата на материцата. Можат да се користат како зачини во храната во умерени количини.

 

 

 

Лековити билки кои треба да се избегнуваат во тек на доење бидејќи го менуваат вкусот на млекото се лук и кромид, кои можат да предзвикаат и колики, а исто така и жалфија, бидејќи ја спречува лактацијата.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бременост, 6-та недела
Должината на ембрионот (CRL) во овој период изнесува околу 5,5 mm.
4
Кога ќе ми се познае бременоста?
Едно од првите прашања што многу жени си го поставуваат веднаш по позитивниот тест е: „Кога ќе ми се забележи стомачето?...
3
Папочна врвца околу вратот на бебето? Прич...
Во бременоста, бебето се движи во матката што може да доведе до виткање на папочната врвца околу вратот. Оваа компликаци...
3
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: