|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Опасни инфекции за време на бременост

Редакција Рингераја, 16.3.2015
Добрата работа е во тоа што кај повеќето жени бременоста поминува без особени проблеми. Но, има и случаи кога претпазливоста е оправдана

image
Инфекции во бременоста
/11


 

Причини за непријатни последици можат да бидат многу инфекции, чии носители можат да бидат сите членови на семејството. Овие инфекции би можеле да се одвиваат сосема скриено и да не бидат забележани од идните родители.

Сите вируси и микроорганизми се поделени на безусловни и условни предизвикувачи на инфекции. И ако првите можат да предизвикаат интраутерино инфицирање на фетусот, тогаш негативната улога на вторите не е докажана.

Главните предизвикувачи на инфекции се:

    Бактерии - кламидија, листерија, стрептококи, стафилококи;
    Вируси - херпес, цитомегаловирус, грип, сипаници;
    Габа - од род Кандида;
    Паразити.

За инфицирање на бебето е потребно не само присуство на инфекција во мајчиниот организам, но и големо количество микроорганизми, кои обично се среќаваат кај акутна инфекција или кај сериозно проширување на хронични болести во 9-те месеци.
Инфекцијата од мајката на плодот може да се предаде на два основни начина: по крвен пат низ плацентата и преку зараза по полов пат.

    Важно!

    Не секогаш присуството на микроорганизми во ткивото на фетусот води до некакви нарушувања, макар и да го зголемува ризикот од неповолни промени. Тоа што мајката е болна не мора да значи заразено бебе. Добрата вест е дека релативно кај мал процент од болните бремени, инфекцијата се пренесува и на бебето.

    Не заборавајте дека детето може да се роди сосема здраво, од жена која во бременоста имала заразна болест.


Рубеола

Вирусот на рубеола се смета за најопасен, бидејќи речиси секогаш се пренесува на плодот и е причина за сериозни оштетувања. Рубеолата води и до болести како катаракта (перде на окото), глувост, физичка недоразвиеност, воспаление на белите дробови.
Вирусот се пренесува по воздушен-капков пат (кивање, кашлање). Како извор на зараза често се болни деца, затоа и идната мајка треба да избегнува вакви контакти. Последиците од рубеола, за жал, понекогаш можат да бидат крајно непријатни.
Ако мајката ја прележала во детството оваа болест или е вакцинирана, нема потреба да се плаши – нејзиниот имунитет нема да дозволи развој на инфекцијата.

 

Цитомегаловирус (ЦМВ)

Оваа инфекција е премногу опасна. Таа се пренесува и по воздушен-капков, и по полов пат. Ако жената се зарази во бременоста отсуството на антитела во организмот ќе овозможи слободно преминување на вирусот преку плацентата, што доведува до оштетување на фетусот и несакани последици. Ако жената била заразена пред бременоста и подоцна настапи егзацербација на болеста, тогаш постоечките антитела ќе го ослабат вирусот, а тоа ќе ја намали веројатноста од пенетрација во плацентата и негово влијание врз плодот.

Препораките кон бремените жени се сведуваат на:

-  Почитување на добра лична хигиена;
-  Избегнување на директен контакт со плунка на мали деца;
-  При грижи за вродена ЦМВ инфекција се прават лабораториски тестови за антитела кон ЦМВ.

 

Херпес

Херпес вирусот се смета за најмалку опасен меѓу вирусните инфекции, бидејќи веројатноста од инфицирање на фетусот во овој случај е мала. За сериозна ситуација може да се смета егзацербација на генитален херпес по 32 г.н. Во овој случај често се прибегнува кон царски рез, за ??да не се зарази бебето преку генеричките патишта.

Грип

Вирусите на грипот можат да доведат до сериозни последици, иако воопшто малку се зборува за тоа. Опасен во случајот е не самиот вирус,туку и компликациите до кои може да дојде (бубрежни компликации, проблеми со кардиоваскуларниот систем, со имунолошкиот систем). Најголема е опасноста од спонтан абортус или предвремено породување. По прележан грип многу полесно можете да се заразите со инфекција  на стафилококо или пневмокока.
Најтешки последици од грипот се можни во почетокот на бременоста - до 12 г.с. Како превентива се препорачува зајакнување на имунитетот, добра исхрана, избегнување на стресни ситуации.

 

Други инфекции

Заразни болести како микоплазмоза, трихомонас, кламидија, листерија, можат да бидат опасни како за мајката така и за плодот. Важно е навреме да се прават потребните истражувања и консултации, за да може во случај на дијагноза да се преземе навремено лекување.

Како расте бебето во стомакот?
Погледнете едно прекрасно видео кое на интересен налин, преку споредба со овошје/зеленчук, покажува како расте бебето во...
41
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Табела на раст на плодот по недели
Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста? Проверете како плодот расте во мајчина...
4
Абортус по желба само еднаш годишно
Власта одлучи: Aбортирајте, ама само еднаш годишно!
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali so vozenje na orbitrek moze da se oslabe?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!