namesp во 10:11
*Devojce*: Мојата породилна приказна
Редакција Рингераја, 7.10.2013
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: *Devojce*
Датум на породување: 04.07.2013 година
Тип на породување: царски рез
Болница:
Се започна во 2009-та година кога за прв пат ги видов моите 2 цртички, но за жал неизмерната среќа која ја почувствував не траеше долго. Отидов на контрола да ја потврдам бременоста па да раскажам на сите и матичната ми вели - не гледам плод рано е, дојди за 10 дена. Десеттиот ден ете ме пак на контрола и оттаму директно на клиника со вонматерична бременост со близнаци. Десет дена останав на клиника.
Помина тоа и решивме да одиме понатаму и да не се откажуваме. Направив ХСГ снимање на кое се гледаа непроодни канали и добив предлог за операција, како би ги отпушиле. Бидна и операцијата на која не ми ги отпушија каналите туку решиле да ме поврзат, а со тоа да ме осудат на забременување само со инвитро бидејќи постоел ризик за повторна вонматерична бременост.
Следен чекор беше инвитро, кое за жал беше неуспешно. По 6 месеци повторно направивме инвитро кое вроди со плод. При ембриотрансферот ми вратија 2 ембриони од кои едниот беше видлив на ехо и ми рекоа дека е едно бебе. Јас бев пресреќна дека конечно ќе станам мајка. Другото бебе, кое не го видоа, повторно беше вонматерично оплодено и за малку ќе ме чинеше живот.
Утрото на 18.11.2012 година, кога бев 5-та недела бремена се разбудив со јаки болки кои наликуваа на напад на бубрег. Седев дома некои 2-3 часа со болките, мислев ќе помине. Бидејќи не поминуваше почнав да се онесвестувам од болка и правец во Систина. Таму ме чуваа на инфузии мислејќи дека бубрегот ме боли се додека конечно не открија дека едното бебе е во матка а другото е оплодено онаму каде што е подврзан каналот. Бев целосно искрвавена сите во болница беа на нозе бидејќи не се знаеше дали ке преживеам, за на крај маж ми да потпише согласност за операција како би откриле што се случува. Се сеќавам само дека ме шамараа и ме прскаа со вода викајќи отвори ги очите и ги видов светлата во операциона сала. Следното на што бледо се сеќавам е кога ме будеа на интензивна нега слушнав боцнете прогестерон и ....... незнам што се не ме избоцкаа, си велам прогестерон значи има бебе, којзнае што се случи. Целиот тим од доктори бдееше над мене цела ноќ. Помислив колку се услужливи овде, а всушност јас сеуште сум била во животна опасност, па морало постојано да има доктор до мене.
После три дена следеше првото контролно ехо од кое зависеше дали ке ме пуштат или .... И конечно, ФАЛА МУ НА БОГА имаше плод со срцева акција. Верувале или не, сите се крстевме и се заблагодарувавме на Бога од доктор до чистачка.....
После месец и пол мирување можам да кажам дека имав нормална бременост и нормален живот, за конечно на 04.07.2013 година со царски рез да го донесам на свет најхраброто, најборбеното а и за мене најубаво синче.
Родив здраво машко бебе, долго 51 cm. и тешко 3460 гр. Повторно ќе кажам ФАЛА МУ НА БОГА што ми го подари синчето и што ми овозмози да бидам МАЈКА.
Сакам на сите да им порачам да не се откажуваат, да не губат надеж и да бидат храбри и упорни, верувајте дека се исплати, и сега ќе кажам јас би сакала и второ дете и би поминала се одново за да го добијам.
Рингераја му посакува среќно детство на синчето на *Devojce*!
Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?

Настинка, кашлање и пролив, се не многу опасни болести, но многу трудници се прашуваат дали би можеле да му наштетат на ...

Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
