|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Наградена приказна: Приказна со среќен крај

Анонимен автор, 26.8.2020
Многу нешта би можеле да се научат од нечија приказна од доење.Тука можете да ги најдете сите потешкотии со доењето, сите радости и триумфи. Мамичките кои ги раскажаа своите приказни не штедеа на емоции! Прочитајте ја трето извлечената приказна

image
/11


Мојата приказна не е како останатите секојдневни приказни за доење, што искрено помалку им завидувам.

Со моето бебе физички се споивме на 30 Мај оваа година, кога се породив природно и ми го ставија одма на стомакот. Тоа беше моето најубаво чувство што сум го доживеала со моите млади 23 години. Но сето тоа траеше многу кратко. Мојот син беше премногу модар и немаше сила да плаче, што на болничарките им беше многу нормално. Следниот ден кога требаа да ми го донесат за да почнам да го дојам, дојде само сестрата која што ми кажа дека бебенцето ми е ставено на кислород и дека има ниска сатурација. Секакви мисли ми поминуваа низ глава тој ден и секакви дијагнози ми кажуваа сестрите, односно неговата состојба не можеше одма да се утврди бидејќи беше недела и немаше дежурен кардиохирург да дојде да направи ехо на срце. Помина и тој ден сама мислејќи позитивно дека дијагнозата нема да биде лоша. Дојде понеделник каде што утврдија дека моето бебенце има срцева мана комплицирана и мора да се прави операција во првата недела од неговиот живот. Тоа чувство не можам да ви го објаснам и не сакам ниту да се потсетувам бидејќи сакам оваа приказна да биде среќна. Ја направија операцијата, а јас 2 до 3 пати на ден идев да се измолзувам за моето бебенце покрај сите лекови да пие барем нешто убаво, мајчиното млеко. Среќа имав што се измолзувам со Медела, бидејќи немав никаков проблем со болка на брадавиците и со стврднати гради и многу убаво ми ги измолзуваше брадавиците. Исто така се измолзував и дома за да го одржувам млекото.

Беше многу тешко што знам дека нема никогаш да го дојам бидејќи нема сила за да повлече, но најтешко беше дека не е со мене. Но позитивното во тоа беше што само мајчиното млеко не спојуваше нас бидејќи го немав видено 1 месец.

Помина 1 ипол месец како бебенцето е во болница и како се храни преку сонда. После 1 ипол месец си го донесов дома конечно и пополека почнавме да се храниме преку шишенце. Многу ми помогна Медела шишенцето кое син ми го прифати многу добро, дури собра сила да си ја извади самиот сондата и продолживме со хранење само преку уста со Медела шишенце. Сега се радувам на секој момент со него и не знам што ќе биде во иднина ни следуваат уште многу предизвици, ама сум многу среќна што он е тука до мене и што го хранам со мајчино млеко. И Господ најголемите битки ги дава на неговите најјаки борци.

 

Автор: Анонимен (познат на редакцијата)

 

Оваа приказна добива

 

Сет производи за стерилизација на производите за помош при доење;

 

Quick clean Microwave Bags – Кеси за во микробранова за стерилизирање. Сигурно и хигиенски ги остранува 99.9%од бактериите, мала и лесна за чување.Стерилизирањето трае 3мин. Начин на употреба: Задолжително прочитајте го Упатството за употреба. Состав: пластика НЕ содржи Бисфенол-А (Bisphenol-A). Од хигиенски причини, производот не може да се врати по отворањето.

 

 

kesizasterilizator

 

kesizasterilizator1

 

Честитки!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
5
Бебешката храна е полна со шеќери и масти!
Германската организација за заштита на потрошувачите Foodwatch спровела истражување за квалитетот на производите кои се ...
4
Непредвидени грижи и проблеми со родителст...
Добивте бебе и станавте родители? Но, со тоа дојдоа и еден куп непредвидени грижи и проблеми и имате толку многу прашања...
3
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?