Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
|
Приказна со среќен крај Автор: Без име и презиме | 2.8.2020
Мојата приказна не е како останатите секојдневни приказни за доење, што искрено помалку им завидувам. Со моето бебе физички се споивме на 30 Мај оваа година, кога се породив природно и ми го ставија одма на стомакот. Тоа беше моето најубаво чувство што сум го доживеала со моите млади 23 години. Но сето тоа траеше многу кратко. Мојот син беше премногу модар и немаше сила да плаче, што на болничарките им беше многу нормално. Следниот ден кога требаа да ми го донесат за да почнам да го дојам, дојде само сестрата која што ми кажа дека бебенцето ми е ставено на кислород и дека има ниска сатурација. Секакви мисли ми поминуваа низ глава тој ден и секакви дијагнози ми кажуваа сестрите, односно неговата состојба не можеше одма да се утврди бидејќи беше недела и немаше дежурен кардиохирург да дојде да направи ехо на срце. Помина и тој ден сама мислејќи позитивно дека дијагнозата нема да биде лоша. Дојде понеделник каде што утврдија дека моето бебенце има срцева мана комплицирана и мора да се прави операција во првата недела од неговиот живот. Тоа чувство не можам да ви го објаснам и не сакам ниту да се потсетувам бидејќи сакам оваа приказна да биде среќна. Ја направија операцијата, а јас 2 до 3 пати на ден идев да се измолзувам за моето бебенце покрај сите лекови да пие барем нешто убаво, мајчиното млеко. Среќа имав што се измолзувам со Медела, бидејќи немав никаков проблем со болка на брадавиците и со стврднати гради и многу убаво ми ги измолзуваше брадавиците. Исто така се измолзував и дома за да го одржувам млекото. Беше многу тешко што знам дека нема никогаш да го дојам бидејќи нема сила за да повлече, но најтешко беше дека не е со мене. Но позитивното во тоа беше што само мајчиното млеко не спојуваше нас бидејќи го немав видено 1 месец.
Помина 1 ипол месец како бебенцето е во болница и како се храни преку сонда. После 1 ипол месец си го донесов дома конечно и пополека почнавме да се храниме преку шишенце. Многу ми помогна Медела шишенцето кадешто син ми го прифати многу добро, дури собра сила да си ја извади самиот сондата и продолживме со хранење само преку уста со Медела шишенце. Сега се радувам на секој момент со него и не знам што ќе биде во иднина не следуваат уште многу предизвици, ама сум многу среќна што он е тука до мене и што го хранам со мајчино млеко. И Господ најголемите битки ги дава на неговите најјаки борци. Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?