Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Облекување и просторија
- се препорачува комотна и памучна облека;
- пожелно е користење на пелени за еднократнаупотреба;
- просторијата каде што престојува детето треба да биде светла, често да се проветрува, а температурата треба да биде околу 22 - 23 Целзиусови степени;
- треба да се избегнува претоплување на детето;тоа може да доведе до поспаност, плачливост,вознемиреност, потење и исипување на нежната детска кожа;
- во просторијата каде што престојува новороденотодете НЕ треба да се пуши;
- детето НЕ треба да биде изложено на провев или директно на клима уред.
ВАЖНО
Во овие први денови, кога за вас и за вашето дете е се ново, потпрете се на подршката која може да ви ја даде вашата реонска патронажна сестра. Таа ќе ви помогне при првото бањање, ќе провери дали средината во која престојува детето е поволна и безбедна, може да ви даде совети за исхрана и хигиена и да ви помогне во одржување на хигиена на папчето. Послушајте ги советите на патронажната сестра, искористете го нејзиното знаење и искуство и прашајте ја се што ве интересира.
Имајте го при рака телефонот на патронажната сестра и на матичниот лекар кој се грижи за вашето дете и побарајте совет секогаш кога имате било каква дилема во врска со негата и исхраната на вашето дете.
Капење
- температурата на просторијата во која се капи детето треба да биде меѓу 24 и 26 Целзиусови степени;
- температурата на водата за капење треба да биде околу 37 Целзиусови степени;
- на почеток, додека не се засуши папочето, препорачливо е влажно пребришување со памучна крпа или капење на проточна вода. По засушувањето и комплетното затворање на папочето, новороденото детето може да се капи и во кадичка;
- Секојдневно капење не е неопходно – честото капење ја суши кожата на детето, а употребата на сапуни и шампони ја намалуваат природната влажност на кожата;
- избегнувајте употреба на разни хемикалии за бањање и премачкување на кожата. Кожата на детето е осетлива и добро е во првите денови да се ослоните на чиста вода или колекција за чувствителна детска кожа
- времето за капење е избор на мајката и на другите членови од семејството, во зависност од организираноста и објективните можности;
Не пропуштајте да ги измиете рацете пред било каква манипулација со детето. Новороденчињата немаат развиен одбрамбен систем и тие се многу подложни на инфекции вклучително и инфекции на кожата. Погрижете се сите кои имаат директен контакт со детето да ги измијат рацете пред тоа;
Пред да започнете со капењето на детето, подгответе се што е потребно и поставете се во близина (пешкир или бањарка, чисти пелени и облека за пресоблекување на детето);
Никогаш не го оставајте детето само во кадичката;
Додека детето се капе, се препорачува да му се пее и да му се зборува, а капењето треба да биде пријатен чин како за детето,
така и за целото семејство.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е страв од непознати лица кај бебињата?
Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи не...
Што се смета за нормален срцев ритам на фетусот?
Срцето на вашето бебе започнува да чука рано во бременоста и неговиот ...
Промени на телото во првиот триместар на бременоста
Првиот триместар од бременоста (недела 1-12) е период на големи видлив...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?