vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Мојата жена е медицинска сестра. Мојата жена е херој, напиша Боби Вестон од Гардендејл. Ова е само дел од неговата емотивна исповед која на објави на Фејсбук, заедно со слатката слика од неговата жена Рајена и нивниот син Дикон.
Во постот од 7-ми ноември, кој имаше повеќе од 740,000 прегледи и 170,000 споделувања, Боби објасни како неговата сопруга кратко преспива , пред да ги облече чевлите и да замине да работи, во одделението за траума при болницата во Бирмингам.
“Таа ќе го бакне бебето, ќе ме бакне мене и ќе оди да се грижи за луѓето кои ги доживуваат најтешките денови од нивните животи. Судари на автомобили, прострелни рани, експлозии, изгореници и скршеници – професионалци, сиромашни, овчари, зависници и проститутки – не е важно кој си и во какви околности ти се случила несреќата”, напиша Боби.
“Таа ќе се погрижи за вас. Ќе си дојде дома по 14 часа работа, ќе ги соблече чевлите кои оделе низ крв, солзи и оган. Понекогаш нема да зборува за тоа. Понекогаш едвај чека да зборува за тоа. Понекогаш ќе се смее се додека не почне да плаче, понекогаш само ќе плаче – но и покрај тоа, ќе дојде навреме во нејзината смена. Мојата жена е медицинска сестра. Мојата жена е херој.”
Објавата на Боби инспирира 40,000 корисници ширум светот да остават свој коментар, воодушевени од љубовта и посветеноста на партнерите.
Боби во еден коментар додаде: “Жена ми не пропушти шанса да каже дека таа е само мал дел од еден голем тим – но таа е голем дел од мојот мал тим и јас се гордеам со неа.”
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...