Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Кога на рацете на детето ќе се појави некаков осип, ако чувствува мачнина или има пролив родителите најпрво помислуваат дека се работи за алергија, труење од храна или вирусна инфекција. Но, секој педијатар ќе каже дека многу често причина за тоа е непочитување на основни хигиенски правила т.е нечисти раце.
Во сите игри надвор од куќата на детските рачиња може да дојдат опасни микроорганизми. Токму затоа, многу е важно детето да се научи да не ги става рацете во уста и задолжително да ги мие рацете штом ќе влезе дома.
Кои болести ги предизвикуваат нечистите раце?
Дезентерија, или со друго име “болест на нечисти раце”
Се појавува температура, гадење, пролив и општа слабост. Инкубацијата на дезентеријата трае и недела дена, па понекогаш е тешко да се утврди причината за болеста.
Најчесто родителите мислат дека детето јадело нешто расипано, па се обидуваат да го лекуваат дома, а тоа може детето да го доведе во опасна состојба бидејќи поради дезентерија организмот брзо може да дехидрира. Затоа е важно детето брзо да се однесе на доктор.
Превентива: Задолжително миење на рацете пред секое земање на храна, посебно по шетање или играње надвор од дома. Многу е важно да го научите детето да не јаде немиено овошје.
Јачмен во око:
Со оглед на тоа дека децата многу често ги тријат очите со рацете, се случува да се појави воспаление во вид на јачмен. Доаѓа до црвенило, чешање, мал оток, а по неколку дена се појавува и гној.
Јачменот не е опасен, но при несоодветно лекување може да дојде до ширење на гнојна инфекција. Затоа секогаш барајте совет од доктор.
Превентива: Објаснете му на детето дека не треба да се допира за очите, а доколку го чеша да земе чисто пешкирче, па со него да го почеша окото.
Глисти:
Цревни паразити кои предизвикуваат болка во стомакот и чешање околу чмарот. Се добиваат од животни, мачки и кучиња скитници, но и од домашни миленици...
Превентива: Задолжително миење на рацете по одење во ВЦ, играње во песок и надвор од дома да не се фаќаат животни...
забава Бремените
Автор: bobik
Среќата што не може да се купи
Постојат прашања на кои човек постојано се навраќа, без разлика на вре...
Почнува сезоната на настинки, кога кивањето и кашлањето стануваат дел ...
Затворете очи само за момент и замислете го вашето идно јас. Не некаде...
Шест знаци дека срцето старее побрзо од вас
Нашето срце не старее секогаш во исто темпо како и остатокот од телото...
Иднината што ја сонува твоето срце
Понекогаш најважното прашање што можеме да си го поставиме не е каде с...
Бремена
пеперутка16
Кога почна да ви се гледа стомакот? Кога почнаа да ве гледаат како да сте бремена и да ве прашуваат за вашата бременост?