|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Kikitina: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 19.3.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Kikitina

Датум на породување: 03.07.2011 година

Тип на породување: царски рез

Болница

 

 

Еве скоро после осум месеци седнав да го опишам моментот во кој на свет дојде мојата душичка Јована.

Бременоста ми помина уредно, без некои потешкотии до 33 та недела, кога на ехо ми кажаа дека имам лакуни на постелката. Немав појма што значи тоа, а ми рекоа да испитам фактори на хемостаза и Д- Димери на трансфузиологија. Излезе дека Д-Димерите ми се покачени на 3880, па почнав да примам Клексан наутро и навечер секој ден, цел месец. Докторката рече дека мора да ги примам, за да се заштитиме јас и бебето. Арно ама, јас 38 недела, а Д- Димерите не се спуштаат под 2400. Престанавме со Клексанот, докторката рече би требало се да е во ред. Терминот ми беше на 11 јули.

Во сабота наутро, на 2 јули се разбудив со многу јака болка во грбот, како да бев приклучена на струја. Траеше околу 5 мин, но не се повтори повеќе. Имав некое мајчинско претчувство дека дојде моментот. Цел ден имав подготвителни болки, не можев да јадам, место не ме држеше. Во 18 часот отидовме во ГАК. На ЦТГ регистрираше болки, ама не бев ни еден прст отворена. Ме задржаа до 21 часот и ни рекоа да си одиме бидејќи живееме блиску. Кога отидов дома, почнав по малку да крварам,  си викам почна процесот, ама уште е рано. Се обидов да отспијам, ама цела ноќ имав болки, кои не беа премногу јаки. Времето беше ужас, иако цела недела пекол топло, сега истураше дожд како од  котел. Во 7 сабајлето при вршење на нужда ми прсна водењакот, но течеше премногу крв. Јас дека со прво дете не знаев дали е тоа нормално или не. Се ми беше спремно, ја  зедовме торбицата со маж ми и се упативме во ГАК. Среќа што беше недела, па немаше сообраќај, стигнавме за 5 мин. Кога ме примија во амбуланта, веднаш направија ЦТГ, беше уредно. Јас многу крварев, па се собраа еден куп доктори, сестри и една почна да вика, луѓе што чекате, абрупција е ова!„ Јас цела во прашалници, што ли е пак сега тоа. Набрзина ме соблекоа, ми дадоа ноќница, ме качија на количка и право во сала. Јас од страв се избезумив, само викав што ми е , немој на детето нешто да му биде. Докторката рече не се плаши, два прста си отворена, ти се одвоила плацентата мора итен царски да направиме.

За помалку од минута ме качија на бокс, ми ставија катетер и потоа ништо не знам, сум заспала. Кога ги отворив очите како избезумена викав - Кај ми е детето, живо ли  е??? Сестрата ми рече, честитки имаш ќерка 3300 грама тешка. Ми падна камен од срце. Јас многу искрварив, па трансфузија, па антибиотици, Јована се напила од крвта во плодовата вода, па мораше да биде под надзор , ја видов дури во 22 часот. Никогаш нема да го заборавам тој момент кога ми ја донесоа и ме погледна со сините очиња. Се расплакав од среќа. Фала му на Бога се излезе на добро, еве сме сега 7,5 месеци, живи и здрави, секој ден се гушкаме, бакнуваме и му се радуваме на животот кој Господ беше толку милозлив да ни го подари и на двете.

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Јована !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Грозје како извор на антиоксиданси
Грозјето не е само вкусен плод кој го користиме за сок, вино или ужина, тоа е и вистински извор на здравје.
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3
Докажување татковство во 8-ма недела бреме...
Наскоро татковството ќе се докажува со едноставен тест на крвта и сомничавите родители ќе можат да го потврдат уште во 8...
3
Табела на раст на плодот по недели
Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста? Проверете како плодот расте во мајчина...
3




Анкета

Мајка на момче.
пеперутка16

Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?