Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Има многу мали трикови кои може да ги примените за да се осигурате дека имате доволно вежби и добра исхрана, за да стасате каде што сте замислиле со вашата фигура.
Доење
Верувале или не, доењето всушност троши калории! Можеби знаете дека за време на доењето, треба да внесувате дополнителни 500 калории на ден, но ова не значи дека вие ќе добиете на тежина. Доењето гори од 600 - 800 калории на ден, така да е можно да се загуби тежина едноставно со седење удобно со вашето бебе.
Започнете полека
Да се скокне во 30 - 40 минутното вежбање или трчање кое сте го правеле пред да станете родител е малку потешко, но може да започнете со 10 минути на ден со умерена вежба. Почнувајќи полека и постепено додавајќи 5 минути неделно додека не стигнете до 30 минути по сесија, помага да не ослабите пребрзо, или да се откажете целосно.
Вежбајте дома
Вклучете физичка активност во вашиот ден ако останувате дома со вашето бебе. Може да испробате различни програми за вежбање на вашиот телевизор или компјутер и да ги правите вежбите додека бебето спие. Повеќето од овие вежби траат 30 или помалку минути и вклучуваат кардио, тренинг за зацврстување, јога, пилатес и танц. Исто може и да слушате музика додека ги извршувате вашите задачи, и да си поиграте, а може и вашето дете ќе потанцува со вас.
Пешачење
Пешачењето е одлично, релативно лесно и може навистина да помогне да се тргне дел од постпородилната тежина. Ако е можно, излегувајте од дома еднаш на ден на прошетка низ маало, ќе подишете малку чист воздух, ќе изгорите малку калории а и навистина ќе имате малку време за себе, со мир и тишина. Може и пешачењето да го претворите во фамилијарно време со изнесување на целата фамилија на прошетка. Ако е можно завршувајте ги вашите обврски со пешачење, или пешачете до маркетот почесто со помали количини на намирници.
Влезете во теретана
Доста теретани имаат часови каде што вежбаат и други тазе мамички, па полека може да влегувате во форма без да се оптеретите со премногу вежбање. Сега дури има и лични тренери кои ќе ви помогнат да ги постигнете вашите цели со изградена програма и кои дополнително ќе ве мотивираат да вежбате.
Лимитирајте во внесувањето на течности
Додека витамин Ц и други витамини се потребни за оптималното здравје, многу често знаеме да пиеме висококалорични сокови за да ги добиеме витамините. Многу е важно да имате во предвид дека витамин Ц може да добиете од чаша сок од цеден портокал, или како суплемент со пиење вода. Воглавно, соковите содржат многу непотребни калории.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?