vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кратковидите луѓе ги гледаат матно оддалечените објекти, а во близина гледаат релативно добро. Знак за кратковидост, според тоа, е неможноста на јасно гледање на оддалечените објекти како што се телевизор, текст на табла во училница или предметите пред автомобилот при возење.
Миопијата влијае на луѓето меѓу 6 и 40 години. По 45-тата година можно е миопијата да се намалува, односно, видот да се подобрува поради нормалниот процес на стареење на леќата во окото и појавување на презбиопијата (старечката далекувидост).
Појавата на кратковисност е присутна ширум светот, а посебно во Азија. Во Кина, околу 90% од младите на возраст од 17-19 години се кратковидни, што е повеќе од 10% во текот на 1950-те. И во САД владее пандемија на миопија – според Националниот офтамолошки институт.
“Некогаш се сметаше дека кратковидноста ги погаѓа децата кои имаат развиено склоност кон читање, а сега се верува дека настанува поради начинот на живот, кој нема поврзаност со претераното учење, туку со недоволното поминато време надвор”, – вели Иан Морган, еден од авторите на студијата.
Наочарите можат да го избистрат видот, но изгледа дека излагањето на сончева светлина е најдобра превентива. Едно истражување, кое во 2013та година е спроведено во Тајван, потврдува дека дури и поминувањето надвор на голем одмор додека детето е во училиште, може да ја спречи појавата од миопија.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...