namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Долната облека е нешто што секој маж го привлекува. Секој маж сака својата партнерка да ја види во секси долна облека која во истиот момент може да го возбуди. Но, мажите треба да знаат дека и жените подеднакво како и мажите уживаат во убавата долна облека на нивниот партнер. Затоа оваа статија е наменета и за мажите и за жените.
Долна облека како подарок за неа
Кога купувате долна облека за неа, секако дека како прв фактор треба да гледате да ви биде секси, односно да ве привлекува и вас. Но, немојте да заборавите и на неа, односно на нејзината удобност, па затоа:
Долна облека како подарок за него
За разлика од мажите, жените обично подобро знаат да го одберат квалитетот и материјалот на долната облека наменета за него. Но единствено на што жените не внимаваат, а е многу важно, е тесноста на долната облека. Жените не можат да одолеат на тесни боксерки и затоа секогаш на своите партнери им купуваат тесна долна облека, бидејќи така изгледаат посекси. Сепак морате да внимавате - мажите не се толку проблематични во врска со комфортот па лесно ќе ја прифатат потесната облека, но постојаното носење на таа облека може сериозно да ги оштети тестисите и да го намали квалитетот на спермата. Затоа, за доброто на вашиот партнер купувајте боксерки кои одговараат на неговата широчина и возраст. Исто така, треба да внимавате при купувањето на танга за мажи бидејќи одредени мажи едноставно не можат да се замислат во такво нешто и тоа им изгледа смешно па дури и навредливо. Затоа, пред да му купите танга гаќички на вашиот партнер, прво добро испитајте дали тој би облекол такво нешто и каков став има во врска со тоа.
Облечете се секси за него
Имајте во предвид дека секогаш можете да го "купите" со секси долната облека. Сепак, има работи на кои треба да внимавате. Иако мажите се "палат" на тесни, проѕирни и танга гаќички, не на секоја жена и стојат добро сите овие типови. Не заборавајте да се погледнете во огледало и реално да пресудите дали вие сте или не сте за овој тип на долна облека. Исто така, имајте предвид дека мажите речиси секогаш ќе ги "купите" со црвената долна облека, заедно со црвен градник, па и црвена новогодишна капа - одличен зачин за вашата празнична постела.
Облечете се секси за неа
Иако повеќето од мажите сметаат дека не е многу важно каква долна облека ќе носат - тоа не е вистина. Жените едноставно обожуваат мажи со вкус за долна облека. Нашиот совет е вашите боксерки за секојдневна употреба да бидат широки и лабави, но, пред да дојде таа, облечете нешто тесно и еластично. Жените едноставно не можат да одолеат на мажи со тесна долна облека, а кога е во прашање бојата, чистата бела боја е секогаш одлично решение. Некои истражувања покажале дека и боксерките на кои има букви и цртежи се исто така симпатични за понежниот пол. Кога е во прашање тангата, како и за мажите истото важи и за жените, најпрво дознајте дали вашата партнерка "се пали" на машка танга, бидејќи за одреден тип на жени тоа е едноставно одвратно.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Миење заби.
Admin
Кога почнавте да им ги миете забите на вашите деца?