|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да му помогнете на детето ако дехидрира?

Редакција Рингераја, 16.11.2015
Дехидрацијата може да биде условена од недоволен внес на течности, повраќање, дијареа, или нивна комбинација. Понекогаш претераното потење или уринирање, можат да доведат до дехидрација
Клучни зборови:

image
/11


 

Секој ден човекот од својот организам губи течности кои ги надокнадува со внесување на течности и храна. Во здрав организам процесот на губење и надокнадување на течностите е добро избалансиран, односно онолку течности колку ќе изгубиме, толку и ќе надокнадиме. Одредени минерали како што се натриум, калиум и хлор исто така земаат учество и се многу важни во одржувањето на оваа рамнотежа.

Кога ќе изгубиме повеќе течности отколку што имаме внесено, доаѓа до дехидрација.

Дехидрацијата може да биде условена од недоволен внес на течности, повраќање, дијареа, или нивна комбинација. Понекогаш претераното потење или уринирање, можат да доведат до дехидрација.

 

Причини за дехидрација

-          Вирусна инфекција, која е кај децата најчест предизвикувач на висока температура, повраќање, дијареа и намалена желба за внесување на течности и храна. Најчести вируси кои доведуваат до ова се ротавирус и аденовирус.

-          Потешки бактериски инфекции можат да бидат причина за намалена желба за внес на течности и храна. Некои инфекции како салмонела и ешерихија коли можат да предизвикаат повреаќање и пролив.

-          Зголемено потење, заради висока надворешна температура и висока влажност на воздухот.

-          Зголемено мокрење кај недијагностициран или лошо лечен дијабетес.

-          Цистична фиброза или целијакија.

 

Знаци и симптоми на дехидрација

Вашето дете може да има еден или повеќе симптоми на дехидрација:

-          знемиреност, иритабилност

-          поспаност, летаргичност

-          ладна или испотена кожа

-          плачење без солзи

-          суви усни или сув (обложен) јазик

-          воспалени очи

-          темно обоена мокрача

 

Кога е потребно да се побара помош од лекар?

 

Јавете се кај педијатарот доколку вашето дете

-          одбива да пие раствор за рехидрација

-          не престанува да повраќа

-          не се опоравува и покрај сите напори

-          во содржината на повратеното има траги од крв

-          повраќа содржина со зелена боја

-          има силни болки во стомакот

-          има повеќе од 7 столици во тек на 24 часа

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
6
Масирање на бебиња
Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е нео...
4
Компот – идеална замена за чај
Компотот претставува традиционален источно-европски безалкохолен чист џус, приготвен од овошје ставено во голема количин...
4
Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и сусам
Кашичката од цвекло ќе му биде примамлива за јадење на секое бебе заради својата интересна боја. Можете да ја воведете в...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?