|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Развојни патокази кај 4-месечно доенче

Редакција Рингераја, 25.5.2020
Бебињата растат и се менуваат со молскавична брзина, а за родителите е вистинско задоволство да го следат нивниот развој. Првата насмевка, седењето без помош, првите неразбирливи „зборови“ – сите овие моменти се скапоцени за родителите...

image
Фото: Freepik.com
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


На почеток на 4 месец доенчето:

- Се смее, особено кога ќе го слушне гласот на мама и тато, започнува да испушта звуци (користејќи самогласки) и да ги имитира звуците кои вие ги правите;
- Има добра контрола на главата;
- Ги подигнува главата и рамената кога е легнато на стомак. А може и да прави мини склекови со рацете, т.е. може да го подигне горниот дел од телото со помош на рацете кога е легнато на стомак;
- Може да држи тропалка неколку секунди ако таа му е ставена во рацете и да тропа со неа. Исто така, ако има играчки кои висат над него, ги удира, ужива во игра и капење;
- Може да следи објект во движење со очите и главата;
- Ве препознава дури и ако се наоѓате на другиот крај од собата благодарение на подобрениот вид, реагира на бои и сенки;
- Ги исправува нозете и клоца додека лежи на грб или на стомак;
- Започнува да ја отвора и затвора дланката која дотогаш ја држеше во тупаница;
- Ги става рацете во устата;
- Се подобрува координацијата меѓу рацете и очите;
- Се оттурнува со нозете кога стапалата му се ставени на рамна површина.
На оваа возраст доенчето преку плач покажува болка, осаменост или нелагодност. Голем дел од нив започнуваат да спијат и по 6 часа ноќе.
Начини за СТИМУЛАЦИЈА на развојот
- Менувајте ги позициите при игра - седење, лежење на грб или стомак,
- Охрабрувајте го превртувањето со нудење играчки на спротивна страна од положбата во која е детето,
- Доведете ги двете негови раце во централна позиција на телото, дозволете му да си ги доведе рацете до устата,
- Протресете ја тропалката или звончето за да предизвикате реакција.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Сe што треба да знаете за правилно менувањ...
Менувањето пелени е една од најчестите, но и најважните рутини во грижата за бебето. Иако изгледа едноставно, изборот на...
4
Ориз против долготраен пролив
Оризот е извонредно хранлив (360 калории во 100 грама). Сиромашен е со масти, но богат со скроб, па затоа е лесно сварли...
4
Први вкусови, големи доживувања
Првите залчиња на бебето се повеќе од оброк. Тие се почеток на едно долго патување на вкусови, мириси и навики што ќе се...
4
Конгестија кај бебиња
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за новороденчињата и малите бебиња, тоа е вистински п...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Kolku pati ste bile kumovi?

1 (100%)

2 (0%)

3 (0%)

4 (0%)

5 (0%)

Mnogu pati (0%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!