Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Родители: Кравјото млеко е важно во втората година од животот – колку повеќе детето го пие, толку ќе биде поздраво и појако.
Педијатри: Млекото е важен, но не и најважен продукт во втората година од животот. Млекото и млечните производи остануваат важен дел од исхраната и кај возрасните. Има многу добри причини, но само ќе споменеме дека млекото е одличен извор на калциум, кој е неопходен за правилен раст и развој на детето. Може да се каже дека млечните производи се најадекватен извор на овој важни минерали. Тука се и другите важни состојки: протеини, млечен шеќер, масти...Но прекумерното давање на кравјо млеко НЕ е добро за бебето од многу причини: зголемен ризик од алергија, слабокрвност, дебелеење.
Родители: Треба да се прекине со доење кога бебето ќе наполни шест месеци, па полека да се навикнува на кравјо млеко.
Педијатри: Мајчиното млеко е незаменлива храна за бебето, но веќе од втората половина на првата година може да се користат и други (не млечни) производи. Сепак, ова е критичен период и не може да се воспостави квалитетен премин од мајчино на кравјо млеко.
Еве неколку аргументи зошто млечните формули се побезбедни:
- Кравјото млеко содржи многу повеќе протеини од мајчиното млеко и овој протеински удар не е баш препорачлив за бебиња кои престануваат да цицаат! Протеините се многу важни за раст и развој на детето, но нивниот вишок во организмот не е добар за бебето (ги оптеретува бубрезите и го зголемува ризикот од дебелеење). Адаптираните формули имаат по сличен состав со мајчиното млеко, отколку кравјото млеко.
- Кравјото млеко содржи крупни млечни протеини, кои имаат голем алергиски потенцијал, па и веројатноста за појавување на алергија на кравјо млеко е поголема.
- Кравјото млеко содржи висока концентрација на соли (сулфати, фосфати...), кои ја оневозможуваат апсорпцијата на железо. Ако се претера со употреба на кравјо млеко може да дојде до анемија.
Родители: Кравјото млеко е многу поевтино од млечната формула.
Педијатри: Тоа е единствен аргумент за предноста на кравјо млеко во првата година од животот. Сето останато е предност на адаптираните формули. Затоа би било најдобро да се користи најмалку до првиот роденден. Поскапо е, но и многу повредно за здравјето.
3
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...