|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Воведување на дохрана кај бебето

Редакција Рингераја, 9.5.2012
Моментот на воведување на нови продукти во исхраната е голем чекор за мајката и бебето. Треба да се следат одредени правила и најважно од се – бебето треба да биде подготвено и доволно зрело за тој чекор

image
/11


 

 

Што е дохрана?

Дохрана е воведување на нови продукти во исхраната на доенчето, кои не се мајчино млеко, или адаптирано млеко. За дохрана се смета и преодниот период меѓу исклучиво млечна исхрана, до консумирање на вообичаената храна заедно со останатите членови на семејството.

 

Кога да се почне со дохрана?

Дохрана се воведува меѓу 4. и 6. месец од животот на бебето, кога прехраната со мајчино, или адаптирано млеко почнува да биде недоволна за задоволување на зголемените нутритивни и енергетски потреби на доенчето.

Не е препорачливо да се воведува дохрана пред 4. месец бидејќи дигестивниот систем на доенчето не е доволно развиен за варење на таква храна. Прераното воведување на дохрана ја зголемува опасноста од алергиски реакции на храна, а може да доведе и до прерано одбивање на мајчиното или адаптираното млеко.

Исто така, ако со дохрана се започне предоцна (по 6. месеци старост), можни се потешкотии и отпор кон прифаќање на нова храна.

 

Како да знаете дека детето е подготвено за дохрана?

  • седи со потпора
  • самостојно ја држи главата и ја врти на двете страни
  • му се губи рефлексот со кој автоматски ја турка храната од уста
  • госта храна која не е течна
  • ја отвора устата кога ќе го приближите лажичето
  • ја голта храната без плукање
  • ја врти главата настрана кога не е гладно
  • покажува голем интерес за храна

 

Правила на дохрана

  1. Воведувајте нова храна една по една, за детето да се навикне на новиот вкус.
  2. Направете растојание од една седмица помеѓу воведувањето на нова цврста храна за да бидете во можност да го утврдите причинителот на можна алергиска реакција.
  3. Кај доенчиња кои веќе покажале алергиска реакција, или чии родители се алергични на храна, дохраната мора да биде по бавна и по внимателна.
  4. Во почетокот дајте му на бебето многу мала количина (1-4 лажици) и полека зголемувајте ја количината.
  5. Во храната за доенчето не ставајте сол, шеќер и други зачини.
  6. Кашичките се даваат со лажица, а течностите со шишенце.
  7. Штетно е земањето на засладени сокови, особено пред спиење. Природно исцеден свеж сок се дава во мали количини по оброкот.

 

Многу среќа и трпение при воведувањето на нова храна!

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прошетка со бебе во зима
Многу мамички се прашуваат дали можат да излезат со бебето на прошетка во зимските денови, колку долго да останат надвор...
4
10 идеи за игра со новороденче
Многу родители мислат дека играта започнува кога бебето ќе порасне малку, но вистината е дека уште од првиот ден може да...
4
Рубеола
Рубеола е вирусна болест, која се јавува во детството. Се шири преку респираторни секрети (носот и устата).
4
`Рчење или бучно дишење кај децата - дали ...
Иако бучното дишење за време на спиењето е вообичаено во детството, тоа може да биде знак за отежнато дишење кај децата....
4




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?