Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Кога можеме со новороденче да излеземе на чист воздух во зимските месеци? Колку време можеме да се задржиме надвор?
Во зима можеме да го изнесеме новороденчето надвор, ако наполнило две до три недели и ако е доносено и здраво. Со предвреме родените деца мора да почекаме. Заради танкиот слој на маст под кожата и незрелиот состав за одржување на телесната температура, детето треба да се прилагодува на надворешната температура постепено. Првиот ден може да останеме 10 минути и секој следен ден по 10 минути повеќе, но во зима детето не смее да биде надвор повеќе од еден час дневно.
До колку степени во минус можеме да го шетаме доенчето во количка?
При температура под нула најдобро е да се остане надвор со детето два пати по пола час. Кога температурата е под -5C, најдобро е со доенчето да останеме дома.
Како да го облечеме бебето?
Ќе го облечеме во дополнителна топла облека (винтјага и панталони, или скафандер). Во количката ќе ставиме топла вреќичка. На главата ќе му ставиме памучно и над него волнено капче. Над тоа ќе ставиме капулача од винтјагата или скафандерот. На нозете ќе и ставиме топли и не многу тесни чорапи или папучи.
Како да провериме дали на детето му е претопло или преладно?
Ако доенчето е задоволно, ќе спие и на допир вратот и нозете ќе му бидат топли. Ако му е претопло ќе биде црвено во лицето и немирно. И во зимските денови е здраво доенчето да биде на сончева светлина два пати по 15 минути на ден, за да прими доволна количина на витамин Д.
Дали да користиме кенгур или слинг марама при прошетка на бебето во зима?
Не е препорачливо, но ако веќе го носиме треба на секој пола час да ја проверуваме неговата температура и заради подобра циркулација повремено да го вадиме и размрдуваме.
Дали бебето може на свеж воздух ако е настинато , има затнато носе и кашла?
Обична настинка со течење на носето и блага кашлица без температура и тешко дишење, не е препрека, напротив прошетката ќе биде дури и корисна. Ако и покрај постојаното чистење на носето детето не може да дише, ставете му шал преку устата. Свежиот воздух ќе ја подобри состојбата на детето и неговиот апетит, па со тоа ќе помогне во неговото опоравување. Во меѓувреме проветрете и дома и погрижете се за соодветен степен на влажност во просторијата каде престојува бебето.
6
6
6
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Колку често треба да се капе новороденчето?
Новороденчето не мора да се капе секој ден. ...
Вашето тело закрепнува по породувањето
По породувањето, телото на мајката започнува период на закрепнување. ...
Како возраста влијае на машката плодност?
Машката плодност не престанува нагло со одредена возраст, како што чес...
Кога се препорачува амниоцентеза?
Амниоцентезата е пренатално дијагностичко испитување што овозможува да...
Колку долго живее јајце клетката по овулацијата?
Јајце клетката има многу краток период во кој може да биде оплодена по...