|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ароматераписки методи

www.rak.mk, 4.12.2010
Постојат бројни начини на користење на есенцијалните масла поради нивните лековити својства. Во ароматерапијата, етеричните масла се внесуваат во организмот на два начина: со вдишување и преку кожата.

image
/11


 

 

 

Главниот критериум за избор на етеричното масло и припремање на мешавината за лечење е лицето на кое е тоа наменето да го сака тој мирис. Постојат видови на масла со исти или слични терапевтски својства, па не е тешко да се направи смеса која ќе мириса пријатно за секој пациент одделно, а истовремено и ќе лечи.

Бидејќи ароматичните масла се концентрирани, тие никако не смеат да се ставаат директно на кожата. Тие обично се раствараат во т.н. неутрални масла или т.н. подлоги. Освен што ги разредуваат етеричните масла, овие неутрални масла добро делуваат на кожата. Како универзални подлоги можат да послужат маслиновото масло (за нормална и сува кожа) и сончогледовото масло (за масна кожа).

За сува и нормална кожа како подлога се препорачува и масло од пченични клици, авокадово и лешниково масло, а за масна кожа се препорачува бадемово масло, како и масло од семки од грозје или праска.

Саканата смеса најлесно се припрема ако се земе шишенце од 10мл со капалка, во кое може да се помешаат на пример, 10 капки од секое избрано ароматично масло. Обично не треба да се мешаат повеќе од 5 различни ароматични масла. Оваа смеса може да се користи за купки, масажа, инхалација или облоги. Не треба да се употребат повеќе од 10 капки од смесата, бидејќи кај ароматерапијата не важи изреката „од повеќе, глава не боли“.

 

Ароматична купка (купка за цело тело)


Ароматераписки методи

Помага при болки во мускулите и зглобовите, при пореметена циркулација, замор и несоница, при стрес и депресија.

Кога ќе се наполни кадата, се додаваат 10-16 капки од смесата на етерични масла. Најдобро е да не се користи сапун, туку само ароматично масло. Купките се многу корисни, бидејќи не само што преку кожата се апсорбираат маслата, туку и истовремено се инхалираат (вдишуваат). Во кадата се останува најмалку 15 минути.

Jacuzzi: Во водата на џакузито се додаваат 3-6 капки и се останува најмалку 15 минути.

Туширање: Се нанесуваат 4-6 капки на ароматично масло на ракавицата за туширање и силно се трие телото после туширањето.

 

Аромакомпресија (облоги)

Со аромакомпресијата се ублажуваат болките во мускулите и зглобовите. Во сад со топла или ладна вода се додаваат 6 капки на есенцијално масло. Газата натопена во таа течност се става на делот на телото каде се чувствува болка. Топлите облоги се користат кај мускулните болки или грчеви, додека, пак, ладните облоги се користат често за намалување на отоци и при главоболки. Облогите се оставаат да делуваат 1-2 часа.

 

Инхалации

Инхалациите се добар начин на примена на етеричните масла за сите болести, но не се препорачуваат кај пациенти со астма или со други болести кои се поврзани со тешкотии во дишењето.

Инхалацијата е едноставен начин на користење на есенцијалните масла. Може едноставно да се изведе само со отворање на капачето од шишенцето и длабоко вдишување на мирисот. Ова е многу ефикасен начин и може да се применува било кога и било каде.

 

Ароматераписки методи

Инхалацијата може да се спроведува и со помош на арома испарувач. Тој има мал резервоар кој се полни со вода и се загрева со извор на топлина. Со додавање на 6-10 капки на ароматично масло во водата во резервоарот на арома испарувачот, ароматичните испарувања се шират во просторијата како што водата се загрева. Природен освежувач во просторијата во која се работи или престојува може да се направи кога во 4 дл. вода ќе се додадат 50 капки ароматично масло и ќе се стави во флашичка со распрснувач. Потоа се прска во просторијата. Ова многу пријатно влијае на расположението и доведува до намалување на стресот и болката.

 

Масажа

 

Масажата со етерични масла се користи за балансирање на емоциите и здравјето во целина. Аромотерапевтите напоменуваат дека сите етерични масла се антисептични и со тоа и го заштитуваат организмот од болести.

 

Масажата е најважна постапка во ароматерапијата. Таа е најефикасна и најбрзо доведува до позитивни резулати. При масажата доаѓа до делумно продирање на етеричното масло во кожата и телото и по пат на крвните и лимфни садови навлегува во сите делови на организмот. Контактот на ароматичните масла со нервните завршетоци во кожата предизвикува моментална реакција која доведува до физичка, но и до психичка релаксација.

Маслото за масажа се припрема така што во 10 мл на подлога (неутрално масло) се ставаат 5 капки од избраното етерично масло или смеса од повеќе ароматични масла (но не повеќе од 5 различни масла).

На пазарот постојат повеќе синтетски масла. Нивната примена е застапена и во производството на парфеми. Во ароматерапијата тие се избегнуваат и се тежнее да се користат потполно природни масла, иако нивната цена на пазарот е обично поголема.

 

Преглед на етеричните масла групирани според основните терапевтски својства

 

-     Намалување на болка предизвикуваат: бергамот, џумбир, лаванда, мајоран, мелиса, римска камилица и рузмарин.

 

-     Антидепресивно дејство имаат: бергамот, камилица, иванско цвеќе, гераниум, јасмин, лаванда, мелиса, дероли, ружино дрво, кедар, јиланг-јиланг, сандал, портокал.

 

Ароматераписки методи

 

-     Антивоспалително делуваат: бергамот, камилица, еукалиптус, мелиса, мента, иванско цвеќе, сандал.

 

-     Антисептици се: сите ароматични масла, во помала или поголема мерка делуваат антисептички. Сепак најефикасни се: бергамот, еукалиптус, боровница, лаванда, рузмарин, сандал, цимет.

 

-     Бактериостатски ефект имаат: баргамот, еукалиптус, боровница, лаванда, рузмарин.

 

-     Антивирусно делување имаат: лимон, лаванда, гераниум, бибер и еукалиптус.

 

-     Фунгицидно дејство (за лекување на габични заболувања) имаат: лаванда, мирта, гераниум, лимон.

 

-     Заврзано заздравување на рани: бергамот, камилица, лаванда, мирта и чајевац.

 

-     Дуиретици: камилица, кедар, чемпрес, темјан, гераниум, боровница, рузмарин, сандал, бергамот.

 

-     Подобрување на варењето: бибер, нероли, џумбир, боровница, лаванда, лимон, мандарина, мајоран, нане, камилица, рузмарин.

 

-     Седативно (смирувачко) дејство: камилица, лаванда, нероли, мајоран, јиланг-јиланг, чемпрес, боровница, бергамот, темјан, мелиса, рузмарин, иванско цвеќе, нерли и сандал.

 

-     На снижување на крвниот притисок делуваат: лимон, лаванда, мајоран, мелиса, иванско цвеќе, јиланг-јиланг.

 

-     На покачување на крвниот притисок делуваат: рузмарин, иванско цвеќе, изоп.

 

-     Равнотежата на хормоните ја регулираат: нероли, иванско цвеќе, чемпрес, лаванда, лимон, бор, камилица, сандал, гераниум.

 

-     Регенерацијата ја поттикнуваат повеќето ароматични масла, а особено: лаванда, мирта и темјан.

 

-     Тонизирачки делуваат (го зајакнуваат организмот или некои негови органи): босилок, бибер, камилица, темјан, гераниум, боровница, лаванда, мајоран, мирта, мелиса, нероли.

 

-     Стимулативно дејство (ја зголемуваат општата активност на организмот или на поедини органи): бибер, еукалиптус, гераниум, мента, рузмарин, нероли, џумбир, мелиса, камилица, јиланг-јиланг.

 

-     Ја намалуваат телесната температура: бергамонт, камилица, еукалиптус, мелиса, чаевец и мента.

 

-     Ја смируваат кашлицата: сандал, лаванда, темјан, бор, елка, гераниум.

 

-     Го зајакнуват нервниот систем: камилица, лаванда, мајоран, мелиса, румарин и

 

изоп.

 

-     Го зајакнуваат имунитетот: лавaнда, чаевец и повеќето други ароматични масла.

 

-     Ја зголемуваат мисловната активност: босилок, рузмарин, мента, лимон и бергамонт.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Новороденче: 10 најчести прашања на родите...
Кога ќе се роди бебе, животот на младите родители се менува. Тие го сакаат само најдоброто за своето бебе, имаат илјада ...
5
Водич за нега на близнаци
Покрај огромната радост, раѓањето на близнаци претставува и своевиден стрес за родителите. Ако сте една од оние среќници...
3
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3
Како да се грижите за папочето на бебето?
Папочната врвца треба да падне во одреден временски период и важно е добро да се грижите за него. Погледнете како.
3




Анкета

Kolku sme blagorodni???
milijana

Koga bi trebalo da se doniraat pari za nekoe gladno i siromasno semejstvo,kolku bi dale od Vasiot budzet???

10den (8%)

50den (9%)

100den (54%)

1000den (18%)

2500den (2%)

5000den (10%)


Број на сите гласови: 105

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!