|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Избегнете го хаосот пред одење на училиште

Редакција Рингераја, 7.10.2015
Алармот звони, денот започнува. Има неколку сценарија како денот ви започнува, дали е тивко, мирно и без главоболки? Или во моментот штом алармот заѕвони вашиот утрински кошмар започнува?

image
/11


 

 

Ахх тој мирен сон и сингл живот! Понекогаш со душа сакаме барем неколку дена уживање во едноставната утринска рутина. БАП! Ете една перница влета во вашата постела. Малите неранимајковци веќе започнале со брканиците. Со полуотворени очи се движите кон купатилото и полусвесно ја ставате четката за заби во устата. Помалото ве тегне и сака да се искачи на вас како да сте неосвоив планински врв. Со едно дете во рака продолжувате да се миете.

Остатокот ви е доволно познат, на еден му фалат боиците, моливите, тетратките се во ранецот кај другиот, напикани исповиткани учебници, патиките обратно облечени, врвките незаврзани, кај другото патики облечени а пантолоните останале некаде во плакарот, можеби веќе и не се потребни пантолони за на училиште?

Пред да ви се случи нервен слом, зовривате и сакате да се развикате на цел глас! Мора да се фати ред!

 

Утринска рутина за подготовка во училиште

Сакате организирано и средено без хаос и турканици да излезете од дома? Ајде да се обидеме да склопиме една утринска рутина.

 

  • Спиење. Или стануваат порано од вас и се хиперактивни, или се мачите да ги разбудите. Воспоставување ред во спиењето е една од поважните работи кои може да ги исконтролирате.

  • Облекување. Се мачите со комбинации на облека, бои, маички, блузички? Можеби планирање од вечер е многу ефективно. Подгответе ги облеките навечер, за сабајле да не губите време во хаосот и бирање што да се носи.

  • Распоред! Направете распоред, но вашите деца нека го сфатат како игра. Сите чекори се предвидени однапред и распоредот поставен на видно место. Ако се малечки, ставките може да бидат и нацртани (чорапи, пантолони, блуза, чевли, ранче). Вие ќе бидете диригентот кој ги спроведува активностите, а тие ќе извршуваат задачи и кој ќе се подготви на време ќе добие награда. Ќе градите самостојност кај децата, што е голема награда и за вас.

  • Станување порано. Секако, и вие сакате да си поспиете но можеби е подобро да ги надмудрите сите и да станете малку порано. Доволно е да се измиете, истуширате и да ги подготвите вашите работи. Процесот на подготовка на децата ќе биде многу полесен доколку вие сте подготвени.

  • Потсетници. Чевлите, врзани се? Ранчето, учебникот го стави внатре? Забите, измиени се?

  • Избегнете викање и лошо однесување. Негативните сугестии брзо ќе се провлечат во рутината. Ниеден родител не сака да го испрати своето дете надвор по караница. Сакате вашите деца да го започнат денот подготвени и да го постигнат нивниот академски потенцијал.

 

Ахх, се е под контрола. Може да здивнеме. Полека се наближуваме кон нашата работа, влегуваме во канцеларија, 1, 2, 3, чук чук! Имате 34 состаноци, 19 пропуштени повици, 24 задачи за исполнување!

 




Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Леле, ми се скрши срцето! - упатство за де...
Зошто „Леле, ми се скрши срцето!“ е најдоброто упатство за учење на детската емпатија? Каква е пораката што Мила се обид...
4
Знаете ли кои се правата на вашето дете?
Никој нема право да ме купи или продаде! Имам право на игра! Имам право да имам мајка и тато! Ова се само некои од права...
4
Во овие моменти потребно ви е екстремно тр...
Постојат моменти кога, како родител, потребно ви е големо трпение. Всушност, тоа е секој ден. А потоа, постојат моменти ...
4
6 работи кои не ве прават лоша мајка
Постојат општо прифатени норми кои општеството сака да става и еден од нив секогаш е тоа да си лоша мајка - да го остава...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?