|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Храна која треба да ја консумирате пред тренинг

Редакција Рингераја, 30.3.2015
Сакате да го извлечете максимумот од вашиот тренинг? Јадете правилна храна пред да започнете со самиот тренинг

image
Храна пред тренинг
/11


 

Иако може да се најдете во искушение за да ги прескокнете калориите, храната што ја јадете пред да започнете со вежбање ќе додаде “гориво” на вашиот тренинг и ќе ги подобри вашите резултати.

Јадењето пред тренингот исто така го спречува и нискиот шеќер во крвта што доведува до мали вртоглавици и замор. Меѓутоа, сигурно дека не сакаш да јадеш погрешни работи пред да започнеш со тренинг. Еве која е најдобрата храна за консумирање во рок од еден час пред тренингот.

 

Банани

Бананите се моќ на природата –  вели Д-р. Луиз Бурк, шеф на спортската исхрана на Австралискиот институт за спорт. Бананите се полни со јаглехидрати и се полни со калиум, кој помага во одржување на нервите и функцијата на мускулите. Телото не складира калиум многу долго, па затоа една банана пред тренинг ќе ги чува хранливите материи на високо ниво.

Д-р Бурк особено ги препорачува бананите пред утринските вежби: Стани и изеди една банана со ½ чаша јогурт. Почекај околу 30 минути и потоа можеш да започнеш со вежбање. На вашето тело им се потребни јагленихидрати и протеини.

 

Овес

Овесот е полн со влакна, што значи дека тој постепено ослободува јаглени хидрати во вашиот крвоток, вели Бурк. Овој постојан прилив го држи вашето ниво на енергија за време на вашиот тренинг.

Овесот, исто така, содржи  Б витамини кои помагаат во конвертирањето на јаглените хидрати во енергија. Послужете се со една чаша овес најмалку 30 минути пред да започнете со тренингот.


Интегрален леб

Парче интегрален леб е добар извор на јаглехидрати. На него може да се стави џем или мед или тврдо варени јајца за високо квалитетни протеини.

Ако планирате тренинг после ручек, пожелно е да консумирате леб 45 минути пред оброкот. Вилакорта сугерира и неколку парчиња мисирка. “Во тоа време од денот треба да издете околу 30 грама јаглехидрати и 15 до 20 грама протеини” – вели тој.

 

Овошни пијалоци

Овошните пијалоци се богати со јаглехидрати и високо квалитетни протеини. Уште подобро, тие лесно се консумираат и организмот брзо ги вари, вели Берк.

Смешајте ½ чаша јогурт со помалку маснотии или ½ чаша овошје и 1 чаша овошен сок. Луѓето го прескокнуваат овошјето и друга храна која е богата со јаглехидрати, но протеините не се разредуваат брзо за да се претворат во извор на енергија пред вашиот тренинг. Хидратите од овошјето брзо се распаѓаат и протеините подоцна се користат за спречување на мускулното оштетување.

 

Што да избегнувате?

Ако ви се случи да забегате од оваа листа, постојат неколку работи на кои треба сериозно да внимавате.

Избегнувајте мрсна храна пред да започнете со тренингот – мастите го принудуваат стомакот да работи многу бавно, што значи дека се чувствувате сити и може лесно да ве фати  грч. Иако јаглехидратите се добри, не треба да ги добиете од нерафиниран шеќер или слатки.

Исто така, важно е да не се прејадете пред тренингот. Обилното јадење може да предизвика тешко варење, гадење и повраќање.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој тип на вежбање најмногу прилега во бре...
Бременост! Мислиме дека ова е периодот кога никој нема да ни замери што јадеме повеќе од вообичаено, некое кило плус нем...
2
5 брзи трикови за совршена фигура
Понекогаш ни сами не сме свесни колку со здрав начин на живот можеме да влијаеме на здравјето и да го промениме текот на...
2
Безбедно ли е да се спортува за време на б...
Убавата и цврста фигура е "фикс идеја" за повеќето жени. Тие се борат со вишокот килограми, почитуваат строги диет...
2
Брзото одење го продолжува животот
Пешачењето е едно од најдобрите работи што можете да направите за вашето здравје. Тоа е корисно за срцето, крвниот прити...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?