Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Dr. Frédéric Amant и неговите колеги од Leuven Cancer Institute испитувале 68 бремени жени (70 деца) кај кои биле администрирани 236 циклуси на хемотерапија (во просек три или четири циклуси на хемотерапија по бременост). Средното време кога бил дијагностициран ракот кај бремените жени било18-тата недела од бременоста. Две третини од децата биле родени пред 37-та недела од бременоста.
Научниците направиле детални испитувања кај децата вклучувајќи ги невролошките тестови, тестовите за когнитивните функции, електрокардиографски и ехокардиографски тестови и прашалници за општата здравствена состојба и развој. Деталните испитувања и тестови покажале дека децата кои пренатално биле изложени на хемотерапија биле со норален раст и развој и во ниту една функција не се разликувале од другите деца.
„Ние покажавме дека децата кои биле пренатално изложени на хемотерапија имаат нормален развој како и другите деца. Нашите откритија не ја поддржуваат стратегијата за одложување на хемотерапијата за време на бременоста за да се избегне оштетувањето на фетусот“, изјавиле научниците.
„Одлуката за давање на хемотерапија за време на бременоста треба да биде иста како и за сите пациенти“, изјавиле научниците. Тие заклучиле дека е можно да се препишува хемотерапијата во текот на бременоста, почнувајќи од 14-та недела од бременоста.
Авторите изјавиле дека дополнителното следење на повеќе деца во тек на еден подолг период ќе биде единствениот начин да се зголеми сигурноста дека хемотерапијата за време на бременоста нема да му наштети на здравјето на нероденото дете.
Monika Tomczuk родила здрав син и покрај тоа што примала хемотерапија поради рак на грлото на матката за време на бременоста.
Извор: www.rak.mk
забава Бремените
Автор: bobik
Што ти кажува твојата менструација за твоето здравје?
Менструацијата не е само месечен циклус што многу жени го сметаат за н...
Билки на тераса: мала градина со голема моќ
Животот во град знае да значи ограничен простор и малку контакт со при...
Чувството на сигурност, темел на здрава врска
Во секоја врска постои нешто поважно од романтиката, подароците или уб...
Малото дете расте, а со тоа се менува и неговиот ритам. Еве како да со...
Вакцинирање со насмевка: Совети за родители и деца
За многу деца и нивните родители, вакцинирањето е еден од оние моменти...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?