Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Бременоста не е единствена област во гинекологија која се следи со три-димензионални прегледи за да се даде точна дијагноза. Тридимензионалното ехо помага да се откријат причините и за женската неплодност, особено кога причината е поврзана со матката. На овој начин може да се откријат многу пречки кои најчесто се причина за повторувачки абортуси или за предвреме родени деца со фетален раст и ретардација – опишува докторот. Поради деталниот увид може да се следи ракот на матката и јајниците и со сигурност да се утврди како да се третира болеста и дали можеби најдобро е да се оди на операција, како и веројатниот исход од сето тоа. Ракот на матката е еден од малкуте кој може да се открие порано преку скрининг за рак на грлото на матката. Државата превзема чекори со кампањи за постојани прегледи, а со тоа и рано откривање на ракот на матката. Сепак постојат жени кои не вршат редовни гинеколошки прегледи.
Речиси секој случај на рак на грлото на матката може да се спречи со редовни гинеколошки прегледи и со вакцинација против ХПВ (Хуман папилома вирусот). Повеќе од 200 жени во Македонија секоја година заболуваат од рак на грло на матка, а приближно половина од нив умираат како последица на оваа болест. Во светски размери годишно се регистрираат околу 500.000 нови случаи, од кои дури 300.000 завршуваат со смрт.
Експертите советуваат жените кои имаат историја на болести во семејството поврзани со рак на дојката или јајниците, треба почесто од вообичаено да одат на гинеколошки прегледи, бидејќи кај нив ризикот од заболување е поголем.
забава Бремените
Автор: bobik
Заздравување од ушна инфекција кај децата
Инфекциите на увото се една од најчестите здравствени состојби кај дец...
Водич за подготовка на домот по породување
Породувањето е еден од најубавите, но и најпредизвикувачки моменти во ...
Чисти површини, посигурен живот
Чистењето на домот не е само естетика. Тоа е инвестиција во здравјето,...
Што да јадете кога водата не ви е доволна?
Хидратацијата најчесто ја поврзуваме со пиење вода, но телото ја добив...
Сите имаме денови кога ништо не оди според планот, а најлесниот начин ...