|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

gvenda: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 28.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/21


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: gvenda

Датум на породување: 10.05.2010 година

Тип на породување: природно

Болница: ГАК 

 

 

Уште кога дознав дека сум бремена, иако терминот за породување ми беше на 11 мај, кога ќе ме прашаа кога ти е термин викав 10 мај. Некако тој датум  ми се допаѓаше и така се случи.

Бидејќи на ГАК имав позната личност, се имав опуштено но како доаѓаше датумот  многу ме фаќаше возбуда и често одев на ЦТГ без причина, па ме враќаа дома.

Утрото на 10 мај се разбудив со слаби болки и му велам на маж ми, ајде јас сум готова тој ми вика издржи, секако попладне имаме закажано преглед. Јас не го ни ставив тоа на памет, почнав да се подготвувам и викам ќе одам зошто ме фати страв да не се случи нешто. Маж ми се спреми и отидовме во болница. Таму беше хаос, се разочаравме ептен, бидејќи до тогаш се одев преку ред , поточно со врски, а сега таа не беше таму баш кога ми требаше. Имаше многу жени што чекаа ЦТГ, а беше многу топло. Сестрите само викаа и се направи такво нетрпение и хаос што само си пеев во мене и си викав ајде ќе помине ќе дојде познајничката и се ќе биде во ред.

По ургенцијата ме викнаа на ЦТГ и преглед и ме пратија дома. Јас разочарана со мајка ми си отидов дома, а маж ми отиде на работа. Си седевме со мајка ми, се одморивме. Јас носев сукна и мајка ми виде дека имам крв, па се вративме назад во болница. Пред влез не пречека маж ми, а во болницата не пречекаа брат ми со девојка му и татко ми. Средбата со татко ми ќе ја памтам најмногу,  со солзи во очи, не можеше ни да ми прозбори само ме гушна и ми рече држи се Веки. Мајка ми секогаш била плачката, но овој пат тоа беше татко ми  и сфатив дека дошло времето. Се шегувавме надвор, јас бев цврсто уверена во себе, односно во врската што ја имав па ни малку уплашена се поздравив со сите. Ми дадоа пижама и ме однесоа во приемно. Инаку јас си имав болки на две три минути, а бев три прста отворена и си викам ова лесно било. Отидов во собата каде имав само уште една другарка по болка, која што викаше повеќе. Јас повеќе молчев и  шетав низ ходникот.

После еден час дојде мојата спасителка и ме однесоа во сала бидејќи беше договорено да се пораѓам со епидурална анестезија. Влегов, ми ја ставија епидуралната и почнав да не ги чувствувам нозете. Дојде докторот, виде нешто, се изнервира и почна да им вика на сестрите. Сфатив дека не ми ставиле тоа што треба, заборавиле, имаа смена па се брзале да си одат и така настана мешаница. Си викам леле кај дојдов јас. Потоа ме приклучија на апарат за да мерат болки и некако од сто луѓе сите ги снема. Така си течеше времето и јас си гледав во апаратот, бев сама и одеднаш наместо бројки се појавија нули и немаше реакција. Се уплашив многу. Во тоа време дојде еден стажант и се испаничи, па почна да ме фаќа за стомак, да ме размрдува. Сеуште немаше реакција, па го зеде мобилниот да го бара докторот. Почнав да паничам и низ плач го прашував што се случува. Од разговорот разбрав дека детето губи тонови. Тоа беше најстрашното нешто во животот што сум го доживеала . Среќата беше на наша страна и мојата кукла повторно почна да мрда, ми олесна и се смирив. Си викав само дека нема шанса да се случи нешто, нема да дозволам.

Дојде докторот и пак ме остави да чекам. Само ми ја зголемија анестезијата бидејќи беше чудно, нозете не можев ни да ги мрднам, а болки пак чувствував. Околу 22 часот почнаа појаки болки и се собраа сите да ме пораѓаат. Потешко е кога си со епидурална не чувствуваш како што треба. Така неколку пати тие викаат напни, јас напнувам, дувам образи тие ме караат не така, ајде му ја гледаме косата, но јас никако да го направам правилното . Тогаш докторот рече ако не излезе уште овој пат, со вакуум ќе пробаме. Тогаш јас напнав, тој од горе стиска јас му ги туркам рацете,  ама на крај излезе. Ау, многу се измачив, целата се тресев, не знаев каде сум.

Ама тука беше моето глувче. Додека не заплака не сакав ништо да зборувам.  Кога  ја слушнав толку ми олесни, што си реков готово е нема повеќе стравови.

Веднаш ми ја донесоа, само не знам како одреагирав, не можев ни да ја држам, само ја погалив и мириснав, срце убаво на мама лепотица. Ја ставија блиску до мене и си отидоа. Ја гледав оддалеку и си уживав. Потоа дојдоа маж ми со брат ми и девојката, па радости, па сликање. Бев пресреќна и многу уморна. Ме однесоа во соба и ноќта помина со болки од епизиотомијата и исчекување на средбата со мојата принцеза. Не можев да спијам од болки, утрото ми ставија нешто за смирување и бев подобра, меѓутоа не ме преместуваа во друга соба каде што ги носеа бебињата. Не можев ни да јадам, ни да спијам, само шетав и си зборував со другите во соба за нивните случки.  Дојде 2 часот и ми рекоа да се преместам. Бев многу среќна, ги собрав моите работи и во соба ме чекаше моето мало глувче. Е тука се сепнав, не знаев што да правам, ме обзеде таков страв што не можам да опишам. Се беше во ред со бебето, но јас од возбуда не можев да јадам и пијам па си направив беља. Ќе се онесвестев, многу повраќав, па ми ја зедоа Гордана и ми ставија инфузија. Се опоравив малку, но никако не можев да и дадам да цица. Сестрата ми покажа но пак не знаев и тоа ме нервираше.

Утредента кажаа дека ќе си одиме. Сакав и не сакав да си одам, ми беше страв како ќе биде дома и многу ме болеше раната.

Гордана спиеше кога влеговме дома. Јас бев многу исплашена, маж ми беше уморен, а моите си отидоа дома да прават мекици.  Останавме сами...

Тука ќе завршам со оваа приказна бидејќи со нова  ќе се натпреварувам ако има за постпородилна депресија. Поздрав до сите идни мамички и сакам да извлечете поука од мојава приказна, не се плашете од ништо, подгответе се психички, само храбро и се ќе биде супер. Мене ми требаа три месеци тоа да го согледам. Сега безмерно уживам во животот со ќерка ми, благодарение на моите најблиски, а најмногу на мојот сопруг јас сум повторно истата и целосно посветена на нашата гордост - Гордана.

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Гордана !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Пијте вода на празен стомак за заштита од ...
Во последно време, многу е популарно да се пие вода веднаш кога ќе се стане од спиење. Па затоа се направија неколку нау...
4
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
4
Зошто се повеќе се раѓаат гигантски бебиња?
Се чини дека секоја недела во јавноста допира по една информација за новороденче кое шокира со својата неверојатна тежин...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?