|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Доење за време на бременост

Редакција Рингераја, 24.5.2011
Во неразвиените земји не е чудно да се види жена која дои, иако е бремена. Но во нашиот “развиен дел од светот”, околу тоа повеќе кружат приказни отколку факти.
Клучни зборови:

image
/11


 

Доењето е специјален период, специјална блискост со детето и на некои жени им е незамисливо да престанат да дојат, додека детето не биде спремно за тоа. Жената може да продолжи да ја негува оваа врска со детето и истовремено да обезбеди добросостојба за бебето во стомакот. Со малку едукација, на лекарот и мајката, доењето за време на бременост е, скоро секогаш, без никакви последици.

 

Чувства

Кога жената која дои ќе забремени, еден од поголемите проблеми можат да бидат чувствата. Да продолжи со доење на постарото дете, за време на бременост и по раѓањето на бебето, не е нешто што жената го планирала. Исто така, во многу општества оваа појава се смета за неприфатлива и невообичаена. Мајката ќе го почувствува притисокот од околината да почне со одвикнување од доење.

Голем број деца сами се одвикнуваат од доење, ако мајката забремени. Причинители  се промените во вкусот и количината на млекото кои настапуваат во второто тромесечје. Уште една причина е болката во брадавиците заради хормоналните промени, заради што жените само посакуваат да престанат со доење. Третата причина е спремноста на детето за одвикнување од доење, што нема никаква врска со бременоста на мајката.

 

Грижа за нероденото дете

Мајката која се храни добро не би требало да има проблем со производство на хранливи состојки за бебето во стомакот и млеко за детето кои го дои, ако тоа е постаро од една година. Важно е мајката да добива доволно на тежина, добро да се храни и да зема витамини и минерали, ако е потребно.

Не постои ниту една медицинска студија која ги истражувала последиците од доењето за време на  бременост  на нероденото дете, во современиот свет. Иако во текот на доењето може да се чувствуваат контракции на материцата, сепак тие се сметаат за нормален дел од бременоста. До истите контракции се доаѓа и со сексуалните односи кои некои парови ги имаат во текот на целата бременост.

Голем број на лекари препорачуваат прекин на доењето, заради сигурност. Меѓутоа, вистина е дека, ако бременоста е уредна и мајката здрава, доењето за време на бременост е исклучиво одлука на мајката.

Хормоните на бременоста можат да се најдат, во мали количини, во мајчиното млеко, но не се опасни за детето кои се дои.

 

Ситуации во кои треба да се прекине доењето се следните:

  • крварење и болки во материцата
  • предвремено породување во претходната бременост
  • проблеми со добивање на тежина во текот на бременоста

 

Физички промени во бременоста

Вистина е дека проблемот со болни брадавици се појавува кај многу жени кои дојат за време на бременост. Исто така е вистина дека може да се намали производството на млеко. Меѓутоа постојат и мајки кои никогаш нема да почувствуваат такво нешто. Доењето само по себе не ја црпи физичката енергија, но бременоста да. На некои мајки поголем проблем од доењето им претставува енергичноста на детето, кое понекогаш треба да го носи во раце. А тоа е проблем кој може да се појави и без доење во бременоста.

Болката во пределот на брадавиците е првиот знак за бременост и е предизвикан од хормоналните промени. Заради тоа нема да помогнат вообичаените совети што да се прави во случај на болни брадавици.

Некои мајки можат да почувствуваат емоционално незадоволство додека дојат во време на бременост. Може да Ви помогне ако размислувате за нешто друго, или ако читате книга, слушате музика или гледате телевизија.

Во текот на последните месеци од бременоста, ќе се произведува повеќе колострум, а и заради хормоните на бременост ќе се намали количината на млеко кое мајката го произведува. Колку и да цица Вашето дете, колострумот ќе биде спремен за новото бебе, веднаш по породувањето.

 

И на крајот...

Како и при донесувањето на секоја одлука, со која се соочуваме како родители, мораме и во овој случај да ја пронајдеме вистинската варијанта, мораме добро да го протресеме нашето срце и душа и не смееме да подлегнеме на притисоците на она што се смета за нормално во нашето општество. Не престанувајте да доите затоа што на другите им е поприфатливо да видат жена со минимално бикини, отколку трудница која дои.

Не постои нити еден доказ дека доењето за време на бременост може да Ви наштети Вам, на Вашето дете или на бебето во стомакот. Ако бременоста е уредна, а мајката здрава, доењето за време на бременост е исклучиво Ваша одлука.

 

Извор: LLLI: The Breastfeeding Answer Book

Трудници! Ова не смеете да јадете!
Прва лекција за сите трудници! Отпечатете го овој инфографик и прицврстете го со магнет на фрижидерот
60
Носам момче или девојче?
Ви ги претставуваме шесте основни работи кои мора да ги знаете за ултразвукот
33
Видео: Акробации на бебето во стомакот
Неверојатна снимка на акробациите на едно бебе во стомакот на мама
26
Како изгледа водењето љубов за време на бр...
Да ги насмееме идните мајки
26


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Najubavo zensko ime
Ki4iko

Koe zensko ime e najubavo?

Lina (17%)

Jana (51%)

Jovana (23%)

Magdalena (9%)


Број на сите гласови: 149

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!