|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Диетата на Кејт Мидлтон

Редакција Рингераја, 29.2.2012
Принцезата Кејт ги исфрлила од исхраната јаглонохидратите, бидејќи принонесуваат во дебелеење.

image
/11


 

 

Catherine Middleton, сопругата на принцот Вилијам е поборничка на Дукановата диета, а витката линија ја должи на строгиот режим на вежбање. Во својата кралска резиденција во Лондон, има теретана во која поминува еден час дневно, а освен тоа се занимава и со спортови на отворен базен.


Кејт е висока 174 cm. и тешка 56 кгр., мерки кои не преминуваат во патолошка слабост. Да ги  видиме деталите на Дукановата диета, која  и помогна да изгледа вака.


Дукановата диета е во основа протеинска диета без количинско ограничување на храната, во која јагленохидратите и мастите се сметаат за непријатели на успехот. Целоживотното искуство и работа на ценетиот француски нутриционист Dr. Pierre Dukan, резултираше со план за слабеење опишан во неговата книга “Не знам како да ослабам”.


Дукановата диета се состои од 4 фази:


1.    Фаза на напад
2.    Фаза на губење килограми
3.    Фаза на стабилизација
4.    Фаза на одржување на тежината



Фаза на напад


Фазата на напад е прв чекор во целокупната програма која во зависост од изржливоста трае од 2-7 дена. Основно правило е внесување исклучиво на протеини, во количина и време по желба.
Дозволени се неограничени количини на телешко и зајачко месо, преработки од месо, риба, белковини од јајце и немасни млечни производи.
Со оглед на тоа дека мастите се строго забранети потребно е да се употреби малку фантазија при подготвувањето на оброците и да се консумира само варено или печено на скара, месо. Вкусот на месото може да се подобри со разни зачини кои не се забранети. Потребно е да се внесува минимална количина на сол.
Телесната активност не е нужна во оваа фаза.



Фаза на губење килограми


На ред е фазата на губење килограми, чија цел е да се изгубат онолку килограми колку што сте планирале. Оваа фаза се темели на правилна измена на деновите во кои се консумираат протеини, во фазата на напад, во комбинација на месо со зеленчук. Свежи или зготвени, може да се консумираат домати, краставици, спанаќ, брокула, зелка, печурки, тиквички, пиперки и зелена салата додека компирот, грашакот, гравот или леќата се и понатаму забранети. Др. Дукан препорачува оваа фаза да трае 5 дена. Препорака на докторот е да се мерите на вага секојдневно, по неколку пати, заради поттик.

Фаза на стабилизација


Следна е фазата на стабилизација, позната и како фаза на консолидација. Цел на оваа фаза е да го запознае телото со новата телесна маса и да му овозможи да се прилагоди на новата состојба. Траењето на оваа фаза е во зависност од килограмите кои се изгубени. Така за 0,5 изгубени килограми потребни се 4,5 денови за стабилизација. Ако сте изгубиле 10 килограми оваа фаза кај Вас треба да трае 90 дена (20 х 4,5)
Во оваа фаза главно се јаде комбинирана храна од протеини  и зеленчук, но дозволена е и мала количина на овошје (со исклучок на банана, грозје, цреши и ореви), 2 парчиња интегрален леб дневно, 40 грама сирење, 2 оброци скробна храна – како тестенини, ориз или компир, неделно.
Како награда во оваа фаза се дозволени два комплетни, неограничени оброци неделно. Дозволени се дури и вино и десерт, се разбира во умерени количини.
Како противтежа на неограничените оброци потребно е еден ден неделно да се јадат исклучиво протеини.

Фаза на одржување


Фазата на одржување се однесува на остатокот од животот каде важи истото правило, еден ден неделно да се јадат исклучиво протеини.

 

 

Диетата се објавува заради комерцијални цели.

Не се познати контраиндикациите од нејзината примена.

Рингераја не одговара за евентуалните здравствени последици!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Новаќ Ѓоковиќ се вери со Јелена Ристиќ
Најдобриот тенисер на светот и неговата девојка Јелена Ристиќ се верија по 8-години врска, пренесуваат белградските меди...
3
Ентони Хопкинс: Бидете блесави, бидете чудни
Нема ништо подобро од тоа кога легендарниот глумец ќе ви посака добар ден на овој начин
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?