|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Desance: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 5.3.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Desance

Датум на породување: 05.11.2011 година

Тип на породување: царски рез

Болница:

 

 

 

 

Мојата породилна приказна започнува на 1 април 2011 година официјално бевме пресреќни и јас и мојот сопруг што ќе станеме родители...И ете се случи, прекрасни месеци во кои јас некаде во 6 месец почнав да имам ужасни главоболки што ги препишував како последица од анемијата,некакви болки во стомакот за кои моите најблиски ми велеа дека растам, се проширувам и да не обрнувам внимание на се што ми се случува туку едноставно да уживам во бременоста.

Моето бебе уште во стомак беше малку мрзеливо ретко кога мрдаше, јас постојано му зборував го галев а тоа само ќе си застанеше на една страна. Напредуваше убаво, на сите сликички што ни ги даваше докторката од ехото јасно се гледаше неговиот лик, како да се спремало за сликање.  Докторката не ми мереше притисок, но кога еднаш ми измери ми беше 120 со 90. Бев во 32 недела и др. ни рече  дека бебето е малку помало за таа недела и плус јас на тој преглед се пожалив дека сум потечена и дека имам ужасни болки и трнења во рацете од кои не можам да спијам навечер. Ме прати на дополнителни испитувања во државна болница за крвта и да го измерат бебето. Докторот од државна болница ми рече дека морам да останам на следење бидејќи сум имала протеини во мокрачата, но ништо друго не ми објасни. Јас не профатив да останам бидејќи не го сметав како некој проблем да се има протеини во мокрача и и потпишав дека нема да останам и дека за се ќе се консултирам со мојата матична докторка. Беше петок, па следуваше викенд и како и секој човек што поминува добар дел од времето на интернет така и јас земав да се правам доктор па да видам што е тоа толку страшно да имаш протеини во мокрачата. Сите статии некако не ми одговараа бидејки стануваше збор за преекламсија или екламсија. Јас ги имав сите симптоми само немав покачен притисок. Во 34 недела бебето беше поправено 600 гр.имаше 1.600 матичната ми препорача да јадам само суво овошје, а не свежо и да не јадам леб и се беше добро. Кога повторно ми измери притисок ми беше 135 со 95. Веќе беше страшно, притисокот секој ден само се зголемуваше на што повторно ме убедуваа дека се ближи големиот ден и дека тоа е сосема нормално,а јас го молев Бога само да влезам во 36 недела па што сака нека биде. И така и беше само што влегов во 36 недела главоболките неколку дена не ми даваа мир, а притисокот само се  покачуваше, но со таблети успевав минимално да го намалам. За жал тој петок не можев никако да го намалам и ми беше цело сабајле 145 со 100, па 150 со 100 и така остана се додека не појдов кај матичната со истиот притисок и ме прати  веднаш во клиника.

Во клиника притисокот не се симнуваше никако и покрај 4 испиени апчиња, беше 150 со 110, значи почна за жал и да расте. Ме примија во болница и уште не знам какви не лекови ми даваа, само ми беше мило што го слушам срцето на бебето и знаев дека тоа е живо. Ноќта поминав на еден рутински преглед бидејќи ЦТГ то покажувало дека имам премногу јаки болки, а јас ништо не чувствував.

Следниот ден, сабота, 5 ноември ми дојде др. Самарџиски ми кажа дека заради главоболките морам веднаш на операција. Моето синче се роди во 15 и 30 јас бев добра одлично се чувствував. Кога дојдоа педијатрите да ми честитаат јас го очекував и моето бебе, при што следуваше одговор дека сум имала преекламсија во напредно ниво, бебето е родено 4 недели предвреме и има само 2130 гр па затоа нема да можат да ми го носат. Останатото го преживеав сама, но ме држеше помислата дека бебето иако слабее дека сепак не е во инкубатор што ми даваше знак дека сум родила силно машко дете кое се бори за сопствениот живот. Првпат во моите прегратки го имав некаде после 5 дена, тоа беше чувство необјасниво прекрасно, убаво, немам зборови едноставно едно мало убаво прекрасно бебуле слабо слабо душа мила да земеш и веднаш да го изедеш.

Во болница останавме 14 дена бидејќи имаше жолтица во напредно ниво со многу високи билирубин. После 14 дена не испуштија од болница. Моето бебе одлично напредува сега има 3,5 месеци и на последното мерење имаше 5.010 но за несреќа жолтицата си ја носеше до пред скоро.

Сега гуга и со секоја негова насмевка мене ми го продолжува животот, едноставно прекрасно е да се доживее чувството да бидеш МАЈКА ***

 

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на бебето на Desance !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Надминете го стравот од породување
А болката...болката ќе дојде и ќе помине, а Вие ќе донесете на свет мало и единствено чудо на природата. И така ќе започ...
5
Јоксимовиќ го снимал породувањето на сопру...
Жељко Јоксимовиќ признава: Се скаменив во породилната сала!
4
Крвта од папочната врвца може да спаси живот
Крвта од папочната врвца спасува животи!
4
Различни позиции на бебињата во матката
За време на бременоста, бебето во текот на својот развој се движи во неколку различни позиции. Како што се приближува да...
3




Анкета

Lino & Maja
rici

Go imate istiot problem so igrava? Brkas ikoni a decata ja gledaat Maja i vikaat ..."Maja, Maja, daj mene, daj jas :) "

da (42%)

ne (58%)


Број на сите гласови: 19

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!