Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Нивното однесување беше толку различно и Ли-Ли многу се лутеше заради навиките на свекрвата, на што свекрвата одговараше со критика.
Поминуваа денови, недели...
Ли-Ли и свекрвата не престануваа да се расправаат. Меѓутоа Ли-Ли, заради старата кинеска традиција, морала да и се покорува на свекрвата и да ги исполнува нејзините желби. Тоа уште повеќе ја отежнувало нејзината ситуација.
Заради секојдневните расправии, мажот на Ли-Ли беше многу несреќен.
Кога Ли-Ли ја изгуби снагата и не можеше повеќе да го поднесе лошиот карактер и деструктивното однесување на свекрвата, одлучи да преземе нешто.
Отиде кај еден добар пријател на нејзиниот татко, господинот Хуанг, кој продава чаеви. Му ја раскажа целата ситуација и го праша дали би и продал некаков отров, за да го реши својот проблем. Господинот Хуанг малку размисли и на крајот рече:
- Ли-Ли, ќе ти помогнам да го решиш овој проблем, но мораш добро да ме сослушаш и да го исполниш ова што ќе ти го кажам
- Да господине Хуанг, ќе направам се' што ќе ми кажете.
Господинот Хуанг отиде во другата соба и се врати по неколку минути со кесичка полна со чаеви.
Рече:”Можеш да користиш отров кој брзо делува, за да се ослободиш од својата свекрва, меѓутоа тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа ти давам чаеви кои полека ќе го затрујат нејзиниот организам. Секој втор ден подготви вкусно јадење и стави по малку од овие треви во нејзиниот оброк. Сепак, мораш да внимаваш да не се посомнева некој во тебе, кога таа ќе умре. Затоа промени го своето однесување кон неа, биди љубезна и внимателна. Немој да се расправаш, почитувај го тоа што ќе го каже и однесувај се кон неа како да е кралица”
Ли-Ли беше многу среќна. Му се заблагодари на господинот Хуанг и побрза накај дома за што побрзо да ја започне заверата за убиство на свекрвата. Поминуваа денови, недели, месеци...Ли-Ли секој втор ден и сервираше на свекрвата специјално зачинета храна. Го практикуваше и тоа што и го кажа господин Хуанг така што го контролираше својот карактер, беше послушна и се однесуваше кон свекрвата како кон своја мајка.
По шест месеци целата атмосфера во куќата се измени.
Ли-Ли толку добро научи да се контролира, што повеќе никогаш не се лутеше и не беше нервозна. Немаше ниту една причина за тоа. Свекрвата и делуваше многу понежна, па согласувањето беше обострано.
Нејзиниот однос кон Ли-Ли се измени, почна да ја сака како родена ќерка. Без престан им раскажуваше на роднините и пријателите дека Ли-Ли е снаа каква само може да се посака. Ли-Ли и свекрвата се сакаат како вистински мајка и ќерка.
Мажот на Ли-Ли беше многу среќен.
Еден ден Ли-Ли повторно одите кај господин Хуанг и го замоли за помош:”Драг господине Хуанг, ве молам помогнете ми да спречам отровот да ја убие мојата свекрва! Таа се претвори во прекрасна жена и ја сакам како своја мајка. Не сакам да умре од отровот кој и го давав!”
Господин Хуанг се насмевна и заврти со главата:”Ли-Ли, немој да се грижиш. Никогаш не ти дадов отров. Чаевите беа полни со витамини кои го подобрија нејзиното здравје. Единствен отров беше отровот во твоите мисли и во твоето однесување, но и тоа повеќе го нема, бидејќи твојата љубов го измени.”
Дали некогаш сте размислите дека како се третирате себеси, така ќе Ве третираат и другите?
Една кинеска поговорка вели:”Личноста која ги сака другите е личност која другите ја сакаат.”
забава Бремените
Автор: bobik
Кога моето бебе може да преноќи без мене?
Првото разделување преку ноќ со бебето може да биде емоционално и за р...
Вековната дилема конечно добива подлабоко објаснување. Дали пилешкото ...
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои г...
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.