Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Изборот на оперативно породување, кога тоа не е потребно од медицинска гледна точка, не е решение кое треба да се земе со лесна рака (и дефинитивно не треба да го земате според мода). Потребно е со вашиот гинеколог да поразговараме и детално да ги разгледате добрите и лошите страни. Ако се плашите од болката при вагиналното раѓање, имајте на ум дека царскиот рез не е единствениот начин да родите без болка. Постојат многу ефикасни опции за ублажување на болката при нормално породување. Ако се грижите од последиците кај вагиналното раѓање - не заборавајте дека редовните вежби за мускулите на вагината (вежбите на Кегел), значително го намалуваат ризикот од овие последици. Нешто повеќе - веројатноста вагиналното раѓање да ви создаде проблем со уринирањето (ненамерно испуштање на урина на пример) не е поголема отколку кај царскиот рез. Ако се надевате да родите во удобен за вас момент, нужно е да се земево предвид долгото време за обнова и подолгиот престој во болницата, како и зголемениот ризик за вас и за вашето бебе, ако изберете царски рез. Ако сакате да имате и друго дете, постои веројатност лекарите да не ви дозволат да изберете вагинално породување.
Најчестите причини за планирано (по медицински причини) царски рез се:
- Претходен царски рез.
- Кога се смета дека главата на плодот е премногу голема за да помине низ вагиналниот отвор на мајката.
- Раѓање на близнаци.
- Местоположба на фетусот.
- Болест на мајката, што го прави ризично вагиналното породување.
- Прекумерна тежина на мајката, плацента превиа или одвојување на плацентата од ѕидот на матката.
Понекогаш одлуката за царски рез се презема кога породувањето е започнато од следниве причини:
- Активностите не напредуваат или фазата на отворање е многу долга.
- Опасност за плодот.
- Испаѓање на папочната врвца.
- Кинење на матката.
Ако лекарот ви објасни дека ќе треба да се родите со царски рез - побарајте да ви ги разјасни детално причините.
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важна редовната хигиена во домот?
Домот е многу повеќе од четири ѕида. Тој е наше засолниште, место за о...
Здравствени придобивки од јадење овошје
Овошјето е едно од најприродните и највкусните извори на витамини, мин...
Колострумот, познат како „првото млеко“, е вистинско богатство што мај...
Секој од нас барем еднаш почувствувал чувство на тежина, стегнат стома...
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...