|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

*Bucka*: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 20.2.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Ник: *Bucka*

Датум на породување: 13.01.2011 година

Тип на породување: царски рез

Болница: Гинекологија Чаир

 

 

Двете црвени цртички се појавија на 13 мај, 2010 година. Kупив тест за бременост. Кога ги видов цртичките, излегов од тоалет, му кажав на маж ми и почнав да плачам. И тој почна да ме гушка и да плаче заедно со мене. Планирано беше, ама сепак мене ми беше шок. Не знам зошто? Ни успеа од прв обид, фала му на Бога.

Бременоста ми беше лесна. Немав киселини, гадења и сл. Животот тие девет месеци - нормален. На работа, шетање, дома. Првиот пат кога појдов на преглед бев 8-ма недела и докторот ми даде сликичка од Јаков. Топче, и во него срценце. Ништо друго немаше. Насмеана со сликичката в раце, итав кон дома за да им ја покажам на најблиските.

На детални скрининзи одев кај д-р Елена Петрова во Ремедика. Ми беше чудно колку напреднала медицината и како Петрова уште во 12 недела ми кажа дека е машко, а во 18-та ми го покажа најмалото ковче на малото прсте на раката на Јаков :) Вистинско доживување ми беше додека го гледав на мониторот. Стуткано, мрда со рачињата и ножињата. Помина некое време и почна да мрда.. е тие моменти се бесценети и денеска навистина ми недостигаат. Растевме и двајцата. Се здебелив 20 кг и повеќе, а докторот ми рече дека ако продолжам така, ќе родам дете поголемо од 4 кг. Како што растев, станував се поспора - побавно се капев, веќе не можев брзо да се движам, патиките ми ги врзуваше маж ми...

Терминот ми беше 08.01.2011. Одев на ЦТГ во Чаир, оти таму сакав да се породам. Помина и 9-ти, 10-ти .. детево абер немаше за излегување. Д-р Мендух Јегени велеше дека ќе чекаме бебето само да излезе кога ќе сака оти тој не практикувал агресивни методи на породување. Но, не добивав болки, ништо не се случуваше. На 13-ти, пет дена по терминот, ме виде на ехо и ми рече дека имам многу малку плодова вода. Рече да одам дома, да се спремам и да дојдам попладнето во болница.
 
Така и беше. Никој не знаеше дека ќе ме задржат освен мм и брат ми. Отидовме, облеков спаваќата што ми ја дадоа и се расплакав кога сестрата што ме прими ми рече "Поздрави се сега со момчето". Го гушнав и знам дека ми мафташе и ме гледаше толку жално, ко' да ме носат на бесење :) Подоцна, ми ставија индукција. Пет-шест часа по индукцијата, не бев ниту еден прст отворена. Д-р Јегени ми рече дека ќе морам на царски рез. Кога ме однесоа во операциона сала, знам дека испаничив и цело време го прашував докторот дали ќе бидеме добро јас и бебето. Ме успаа целосно во, отприлика 11:15, a Јаков се роди во 11:55. Ме разбуди гласот на некоја од сестрите која велеше: "Разбуди се мајка, имаш здраво машко дете, тешко 4.680, долго 54 см".  Се расплакав и си ги повторував бројките за да ги запомнам и да им ги кажам на најблиските.

По 8 часа, ми го донесоа Јаков во шок соба. Тоа беше едно толку чисто, совршено, мило човече, кое толку прекрасно мириса. Знам додека се гледавме в очи, си мислев - од каде пак сега излезе ти? Не знам дали е нормално, но мене требаше малку време дури сфатам - Да, тоа е моето дете! :)

На третиот ден во болница, му се покачи ЦРП-то, поради што моравме да останеме таму 7 дена. Кога ми кажа педијатарката дека максималната граница на ЦРП е 6, а нему му е 54, кренав притисок 120 со 180. Тоа ми се случи за прв пат во животот. Па ајде, апчиња Метилдопа, па седативи.. Еден месец по породувањето ми се качуваше притисокот и пиев апчиња, но подоцна, се вратив во нормала.

Денеска Јаков има една година и еден месец, прооде пред некое време и наместо со играчки, обожува да си игра со кабли, штекери, мобилни и далечински управувачи. Не ми се јасни мајките кога велат дека се се заборава, оти еве јас паметам се до детал, ги паметам сите болки од царскиот рез, паметам дека требаше да помине месец-два дури се опоравам ко' што треба... и тоа нема никогаш да го заборавам. НО, сакам барем уште еднаш во животот да поминам низ истото, зашто вреди. Затоа што сега знам дека да си мајка е најубавата животна улога што Бог ја дарува.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Јаков !

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
4
Ако немате утринска мачнина, носите машко ...
Дали е вистина дека ако немате утринска мачнина рано во бременоста, носите машко дете?!
4
Правилна исхрана во 1-то тромесечие од бре...
Здравите промени во исхраната на почетокот од бременоста ќе ви бидат од корист и вас и на бебето. Прочитајте ги нашите с...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?