Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Денес е тешко да се одвојат обврските на работа, обврските во домот и слободното време. Секојдневното брзање го исцрпува нашето тело. Како последица се јавуваат главоболки, проблеми со срцето, слабост и слично. Болката е непријатно чувство и една од најчестите симптоми на болест. Преку нив нашето тело не предупредува дека нешто не е во ред со него. Болката, сепак е и корисна и многу важна за преживување.
Кога болките траат кратко време, ги нарекуваме акутни. Тие краткотрајни болки имаат своја биолошка смисла, затоа што не предупредуваат на некое штетно делување во телото или неговата непосредна околина и имаат заштитен ефект. Кога болките траат подолго време, иако вистинска причина не постои, ги нарекуваме хронични.Тогаш ја губат својата првобитна смисла, често се појавуваат и знаци на депресија, што состојбата уште повеќе ја влошува. Се развива хроничен синдром на одредена болест.
Сите болки, без разлика дали се работи за акутни или хронични, треба да се лекуваат. Има се повеќе докази дека болките кои не ги лечиме или ги лечиме недоволно, му штетат на нашиот организам. Постојат многу начини на лечење - грубо може да ги поделиме на лечење со лекови и лечење без лекови. Без лекови, болките ги лечиме со различни масажи, облози, хипнози, акупунктура...
Кои се сигурни и ефикасни средства за ублажување на болки кои можеме да ги добиеме без рецепт од доктор?
Лекови за ублажување на болки (аналгетици) кои ни се достапни во аптеките без рецепт од доктор, најчесто содржат една од наведените состојки - парацетамол, ибупрофен, ацетилсалицилна киселина, напроксен или комбинација од повеќето од тие состојки во помали количини.
Paracetamol (npr. Paracetamol (Galenika), Lekadol (LEK), Panadol (GlaxoSmithKline)) е најверојатно најчесто употребуван лек за ублажување на благи и средно јаки болки и за смалување на телесната температура. Може да го употребуваат и деца, и возрасни. Механизмот на делување на парацетамолот се разликува од механизмот на делување на другите лекови за ублажување на болки - има помал број на пропратни појави, не ја оштетува слузокожата на желудникот...
Во аптеките можеме без рецепт да добиеме и таблети за ублажување на болки кои без додаток на течности и без жвакање во устата брзо се топат, а имаат пријатен овошен вкус.
забава Бремените
Автор: bobik
Придобивки од млекото и млечните производи за здравјето
Млекото и млечните производи се дел од традиционалната исхрана во мног...
Кога детето го поминува својот прв роденден, неговите потреби за храна...
Што се матични клетки и зошто се толку важни?
Во светот на медицината постојат многу зборови што звучат како научна ...
Гастритис – што е и како се лекува?
Гастритисот е воспаление на слузницата на желудникот, состојба која мо...
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска ми...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?