|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Anki: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 25.6.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Anki

Датум на породување: 13.12.2011

Тип на породување: природно

Болница:

 

 

Се изначитав толку многу приказни што посакав веднаш да ви ја кажам и мојата. Се' почна вака: бевме верени една година и се спремавме за нашата свадба. Jас искрено не сакав да имаме дете пред свадбата, но не испадна така. Не знаев дека сум бремена се додека едно утро на работа не почувствував голема мачнина, а другарка моја случајно кај мене на работа и ми предложи да ми купи еден тест, на што се се согласив.
Веднаш отидов до тоалет, се појавија две цртички кои означуваа дека тоа е тоа: бев пресреќна и едвај чекав да му соопштам на мојот сопруг, но сепак сакав и мојот доктор да ми ја потвдри бременоста. Отидов на преглед, ме намачкаа со таа течност и докторот рече: еве го, нека ти е честито, ќе бидеш мајка. Сакав девојче, но докторот на еден преглед рече: Ке имаш здраво машко дете....Како да ми се сруши целиот тој розов свет, но сега не го давам за илјада девојчиња.
Така бидна и свадбата, отидовме на одмор и се ближеше денот кога требаше да излезе тоа малечко сонце. Имав премногу страв...бев и на предпородилна подготовка која ми помогна многу во  целиот тој процес. Терминот беше токму до денот коа се роди моето малечко, 13 декември, но сепак мислев дека ке потрае уште малку бидејќи сите велат дека машките деца се доносуваат.
Сабајлето на 12-ти видов сувокрвица која е првиот знак за породување, но си реков- ајде не мора да значи и си отидов на работа. Додека предавав почувствував болки кај половината си реков:ова детенце сака да излезе, но чекав. Бев до кај матичен зедов упут за во болница, се шетав низ центар и полека си дојдов дома....ајде не мора да значи. Прилегнав малку и веќе не можев да спијам, почнаа издржливи болки но беа се почести....а јас пак чекав да ми пукне водењак. Така ја преседов ноќта шетајки низ салон и утрото во 7часот отидов во
 болница.Таму докторката ме прегледа и веднаш ме испрати во породилната сала 7прста отворена. Од паника болките исчезнаа, па ми ставија провокации и веднаш започнаа  контракции. На 5-то напнување излезе малото Филипче, така убаво слатко бебенце, кое го гушнав и не сакав да се одделам од него Тежок 3500 гр. и 52 цм долго. Така јас  станав мајка...донесов на свет човечко битие кое ме направи најсреќна на целиот свет.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Филип !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Тања: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .
4
Анорексична трудница тешка само 25 кгр.
Иако за чудо останала бремена на 27 години, Кети, уплашена од новонастанатата ситуација, почнала да слабее. Толку ослабе...
4
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?