propertydealer во 16:52
на тема RE: Рингераја радио
Многу жени молчат за интимните тегоби - заборавите на срамот и за своето здравје најдете време.
Посебно кога станува збор за така осетливи делови на телото како што е вагината, патењето во тишина не е добра опција. Постојат лекови и делотворни методи кои помагаат сексот да стане уживање, како што треба и да биде, а не болка.
Ако чувствувате болка при сексуалните односи еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја откриете причината и како да ја излечите.
Како боли: Во текот на длабока пенетрација чувствувате остра болка од едната страна на карлицата. Во текот на менструацијата исто така чувствувате болка.
Можна причина: Циста на јајник. Тоа е воденеста творба која се јавува дури кај 30% кај младите жени.
Што да направите: Повеќето цисти се бенигни, исчезнуваат сами просечно после две до три менструални циклуси. Гинекологот би направил ултразвучен преглед за да ја потврди дијагнозата и повторно да дојдете за два месеца на контрола. Во меѓувреме, додека цистата не помине, напијте се 400мг ибупрофен еден час пред сексуалниот однос за да ја отстраните болката.
Како боли: Гениталиите ве чешаат, иритирани се и осетливи на допир. По односот вагината ви е црвена и воспалена, а понекогаш ве пече како оган. Можна причина: Габична инфекција, која кај четвртина инфицирани жени предизвикува болка при односи. Не чекајте да се појави беличест исцедок, бидејќи гинеколозите тврдат дека исцедокот не се појавува во сите случаи и дека болката често е единствен симптом за габична инфекција. Друга причина за вакво воспаление можни се и препаратите за одржување лична хигиена, како сапуните, парфемиризираните креми, купки и вагинални спрејови. Што да направите: Посетете го вашиот гинеколог кој ќе провери дали имате габична инфекција. Ако кожата ви е осетлива, користите непарфемирани влажни марамчиња, благи дерматолошки тестирани сапуни или гелови, перете ја долната облека со благи детергенти внимавајќи секоја трага од детергентот да е исперена. Вагиналните креми кои содржат кортизол во голема мера можат да го намалат чувството на чешање и жарење на слузницата.
Како боли: Во текот на сексот имате чувство дека неговиот пенис удира во нешто. Можно е во текот на менструалниот циклус да осеќате големи тегоби, болки во слабините, бодежи и зголемен потреба за уринарење.
Можна причина: Утерусни фиброид т.е. групации на бенигно ткиво кое расте во ѕидот на грлото на матката. Жените со фиброид три пати почесто се жалат на болен секс, а станува збор на 40% од жените во триесетите и четириесетите години. Можно е естрогените да имаат важна улога во формирањето на фиброидите.
Што да направите: Ултразвучен преглед е неопходен за поставување на дијагноза. Големината може да варира од зрно грашок до големина на грејпфрут. Кога ќе се утврди големината и местоположбата на фиброидот, гинекологот ќе ви препорача кое е најдоброто решение. Еден од најдобрите начини за отстранување на фиброидот е хистеректомија, но постојат и помалку агресивни решенија.
Како боли: Неговиот пенис не влегува лесно, триењето е болно а во вагината имате чувство на преосетливост и иритација.
Можна причина: Сува вагинална слузница. Вообичаени виновници се антидепресиви и контрацептиви (и едните и другите можат да го намалат либидото), доењето или менопауза (нивото на естроген е ниско и тоа причинува исушување на вагиналната слузница).
Што да направите: Во текот на сексот користите лубриканти на база на вода.
Како боли: Гениталиите болат и пецкаат, скоро постојано. И предиграта и односот се болни, но исто така и возењето велосипед, користењето на тампон и долго седење.
Можна причина: Вулвовагинитис - болна состојба која може да го зафати целото подрачје од вулвата или во некои случаи само вагиналниот отвор. Поблемот се јавува секогаш кога се дразнат завршетоците на вулварните нерви потикнати од габична инфекција или употреба на антибиотиц.
Што да направите: За жал, многу гинеколози веруваат дека проблемот е во главата на жената. Ако патите од симптоми на вулвовагинитис најважно е да најдете гинеколог кој ќе го сфати вашиот проблем сериозно. На многу жени им помогнала комбинација од благи дози на антидепресиви, лекови против болка и физикална терапија.
Како боли: Во текот на односoт чувствувате неодредена болка во пределот помеѓу двата колка и постојана потреба за мокрење, со болка и при мокрењето.
Можна причина: Инфекција на мочниот канал - 44% од жените со таква инфекција имаат и болки при односите.
Што да направите: Посетете го својот уролог или гинеколог,ќе ве прати на дополнителни испитувања на мокрачата за да утврди за која инфекција станува збор и да ви препишe соодветен антибиотик ако тестот е позитивен. Лечењето на двата партнера е потребно за да не се пренесува постојано инфекцијата и да се спречи болната и упорна инфекција на мочниот канал или мочната ќеса.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Овошје, зеленчук или ориз со млеко?
пеперутка16
Како почнавте да воведувате цврста храна и дали сте задоволни од тој режим и реакцијата на вашето дете? Прво го претставивме: