vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Каде и да живеете, сигурно ќе препознаете дел од овие мисли. Со носталгична насмевка, ве потсеќаме на 30 легендарни изјави на нашите мајки.
„Илјада пати ти кажав, не се клацкај на столчето!“
„Сендвич не е јадење!“
„Барај си го онаму каде што си го оставил/а.“
„Исправи се!“
„Убаво ти кажав...“
„Оди да си легнеш, утре нема да можеш да станеш.“
„Јас одев во школо пред 20 години и до денес денес ја знам напамет таблицата за множење, дури и да ме разбудиш во 3 сабајле.“
„Нормално дека ќе те боли глава од толку седење на компјутер.“
„Ај, ај, ќе имаш деца, ќе видиш како е...“
„Јас на твои години не ни знаев дека постои тоа, а не па да имам такво нешто.“
„Што ќе ти се толку пари?“
„Кога ќе пораснеш и кога ќе заработуваш, троши си ги на што сакаш.“
„А кој ќе се грижи за тоа куче, кој ќе го шета? Ти? Аха, сигурно...“
„Никогаш повеќе да не сум чула такво нешто од тебе!“
„Ако не се запишеш – ќе одиш да работиш!“
„Пак ја тргна капата, с? видов од прозорец.“
„Зарем мора од други да дознавам за...“
„Утре ќе ми речеш фала за ова...“
„Не учиш за нас, учиш за себе.“
„Ако не учиш, утре ќе чистиш улици.“
„И јас сакам многу работи, ама нема...“
„Уште не си ни се разбудил/а, а веќе висиш по тоа интернетот.“
„Така и во школо ли се однесуваш?“
„Мене не ме интересираат другите, ме интересира ти што правиш.“
„Ако излегуваш, фрли го и ѓубрето.“
„Како ние пораснавме без интернет?“
„Дали воопшто може нешто да се најде во твојата соба?“
„Не си буричкај во носот, ќе ти се заглават прстите.“
„Јајцето не ја учи кокошката!“
„И да вратиш кусур!“
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...