Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Но, вниманието не беше насочено само на комплетната светска фудбалска елита и на играчите чии нозе вредат цело богатство, туку и на нивната поубава половина, која ги бодреше од публиката. Гледачите и обожавателите имаа фаворити и во “женскиот тим”, пред да започне фудбалското првенство.
Капитен на оваа “репрезентација” без никакви проблеми може да биде Ирина Шајк, вереничка на еден од најдобрите фудбалери, португалскиот АС Кристијано Роналдо. Преубавата манекенка е во врска во фудбалерот од 2010 година.

“Многу сум горда на Роналдо. Во секој момент ме правипресреќна. Тој е прекрасна личност со која совршено се согласуваме. Иако често сме разделени, нашата љубов е на цврсти нозе” – кажува Ирина.
Многумина сметаат дека шпанците, бившите светски прваци на светот, имаат и најубави девојки. Девојка на голманот Икер Касиљас е атрактивната новинарка Сара Карбонеро. Заедно се пет години, а најголемо внимание привлекоа на претходното првенство во Јужна Африка, од каде Сара известуваше. На крајот на првенството, кога Сара земаше изјава од капитенот на репрезентацијата и свој дечко, тој наместо одговор, страсно ја бакна пред милионскиот аудиториум. Во меѓувреме добија и син.

Како што Давид Де Геа е конкуренција на искусниот касиљас, така и девојката на голманот на Манчестер Јунајтед, би можела да го загрози местото на Сара на листата на најдобри избранички на шпанските репрезентативни. Според многумина Едурне Гарсија Алмагро во тоа и успеала, иако не е новинарка, туку пејачка, глумица и модел.

Сепак кралица во редовите на шпанската фурија, не е шпањолка. Таа ласкава титула заслужено ја носи Шакира, која овој пат имаше исклучително тешка задача, за кого да навина. Од една страна за својата Колумбија, а од друга страна за шпанскиот национален тим, Жерар Пике. Интересно е што Шакира и Пике се родени во ист ден, но Пике е помлад од неа десет години.

“Ако некогаш посакам да се омажам нема сомнеж дека тоа ќе биде Жерар. Веќе имаме прекрасно дете и семејство кое секој ден е се посилно”- изјавува Шакира.
Другарот од детство на Пике, Сеск Фабрегас, има уште постара партнерка, но исто така заносна, Даниела Семан. Се запознале во Лондон додека тој бил капитен на Арсенал. Според една верзија, која веќе е урбана легенда, ги запознал нејзиниот син од првиот брак, каде даниела побарала автограм за нејзиниот син од Фабрегас, а тој престанал да дише кога ја видел.

Јоланда Кабау своевремено глумела во серијата Жени на фудбалерите, а потоа навистина станала тоа. Само неколку дена по финалето на светското првенство во Африка, најголема утеха на Весли Шнајдер била Јоланда, после поразот од Шпанија. Се венчаа истата година, а Шнајдер е толку заљубен во Јоланда што на десната страна на половината го истетовирал нејзиниот лик.

Англискиот репрезентативе Крис Смолинг се забавува со манекенката Сем Кук, која во последните години ги краси најпродаваните календари во Велика Британија.

Лена Герке, германскиот супер модел и девојка на Сами Кедира, толку е сексипилна, што сонародниците на купот UEFA ја замолиле да се потруди да не биде премногу впечатлива, ако сака да присуствува на полуфиналето меѓу домашниот тим и Италија.

4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...