namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Неуморно поминавме километри и километри за да присуствуваме на изработката на овие играчки со чудесна моќ. Видовме купови од топол памук, магична ткаенина и волшебни конци. Видовме озарени и насмеани детски лица, широко отворени детски срца, рачиња преполни со љубов, воспитувачки и учителки преполни со добрина, родители подготвени да подарат дел од своето драгоцено слободно време за да ги научат своите деца како се бидува добар човек! Ќе прашате како е можно да се анимираат сите градинки, многу училишта и семејства од Македонија да изработат повеќе од 7500 уникатни и рачно шиени играчки?
ПОСТОЈАТ ДОБРИ ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА!
Директорите на градинките, воспитувачките, учителките, мајките и татковците, бабите и дедовците од Македонија се обединија во две животозначни цели - да ги научат децата на хуманост, солидарност и емпатија и да изработат топли и исцелителни играчки за болните и осамени дечиња кои новогодишните празници ќе ги поминат во болничките кревети.
Играчките пристигнуваа и пристигнуваа, а ние се воодушевувавме со отворањето на секоја кутија, со секоја порака за здравје на честитките... Со секое прегрнување и допирање на тие магични играчки се повеќе и повеќе сфаќавме дека учествуваме во градење на хумано и здраво општество, во градење на подобар свет во кој сакаме да живеат нашите деца, внуци и правнуци...
Изградивме топла соба за девојчиња...за сите прекрасни девојчиња чија косичка виси од болничкиот кревет, чие срце е осамено и тажно, чии очиња се насолзени...чија прегратка е празна! Овие играчки се за вас, драги девојчиња! Знаете ли дека имаат волшебна моќ? Прегрнете ги само, тоа е волшебната прегратка на вашите другарчиња!
Изградивме и соба за момчиња...за сите прекрасни момчиња кои немаат сила да трчкаат по цел ден, кои не возат количиња, не држат мечеви и не си играат витези...момчиња кои ги совладала болеста, чии очиња се насолзени...чија прегратка е празна! Овие играчки се за вас, драги момчиња! Знаете ли дека имаат волшебна моќ? Прегрнете ги само, тие ќе ви ја вратат барем малку силата, ќе ви го заиграат болното, слатко срценце!
Но ние имаме и рипчиња и морски животни
и мајмунчиња кои се тука за да ве насмеат
и многу снешковци, бидејќи не можете да направите сами во снегот, па да не ви биде жал...
Еј, девојчиња мили видете...ова е вашата омилена Hello Kitty играчка
и зајачиња кои весело скокаат
и бувчиња
и диносауруси
и бееееезброј убави кукли
и гитара...да засвирите и запеете кога сте тажни
па количиња, кловнови, перничиња, мечиња, срца, облачиња, ѕвездички, месечинки...Имаме и змии, но не плашете се - не касаат!
Oвие играчки прегратки ви ги подаруваат вашите другарчиња од градинките, од училиштата, сите добри, слатки и мирни дечиња од Македонија и ви посакуваат
ПОБРЗО ДА НИ ОЗДРАВИТЕ!
Изложбата се наоѓа во Националната универзитетската библиотека "Свети Климент Охридски" - Скопје и ќе биде отворена за јавност до 28.12.2013 година до 12:00 часот. Потоа ги собираме играчките и ги носиме кај вас драги дечиња! Безброј рачиња ќе ве гушнат, безброј детски срца ќе ве стоплат и ќе измамат насмевка на вашето болно лице!
За се да биде вака волшебно убаво се погрижи тимот на Рингераја.мк
Но, не ќе можевме да направиме ништо без нашите верни пријатели Битолска Млекара, кои веќе втора година се покровители на најхуманата и најискрената детска акција во Македонија "Прегратка на дар".
Не сплоти љубовта кон децата, залагањето за највредното на светот - детското здравје!
Компанијата Битолска Млекара секојдневно ни покажува дека нивната најважна цел е децата да ни пораснат во здрави и среќни битија, правејќи го највкусното млеко, јогурт, сирење, кашкавал и сите млечни производи кои се пооолни со витамини и се од витално значење за здравјето на нашите деца.
Не можеме доволно да им се заблагодариме за тоа што втора година по ред се наши покровители, партнери, за тоа што се добри луѓе!
Во стилот на Прегратка на дар - ТОПЛИ ПРЕГРАТКИ И СРДЕЧНО БЛАГОДАРАМ ЗА БИТОЛСКА МЛЕКАРА!
Силни прегратки и за вас кои го читате ова и една порака
СО ГРАМ ЉУБОВ СЕ ДАРУВА ТОН ЗДРАВЈЕ!
Ве очекуваме во Националната универзитетската библиотека "Свети Климент Охридски" - Скопје
СИЛНИ ПРЕГРАТКИ!
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?