vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Некои родители го прифаќаат таквото однесување на детето како нормално и карактеристично за одреден период од развојот, а други имаат потреба да го променат во моментот. Секако, важно е да знаете дека, иако Вашето дете не се однесува како што сакате Вие или општеството, е нормално за секое дете, иако е добро воспитувано. Но, негативното однесување на детето не би требало да помине незабележано, ниту без последици. Секако, потребно е тоа да се менува, но трпеливо, полека и без очекување дека ќе се промени преку ноќ.
Негативното однесување е начин да се привлече внимание
Вниманието на родтелите е она што му е најважно на секое дете. Детето ќе направи се за да го добие, а често со негативно однесување.
Погрижете се да му поклонувате повеќе внимание на детето. Пофалете го, интересирајте се за се што прави и соработувајте со него. Така Вашето дете нема да има потреба да прави лоши работи за да привлече внимание. Дајте му до знаење и покажете му дека за убаво однесување се добива поголемо внимание.
Почесто им кажуваме што не треба да прават, а ретко што треба
Најчест начин на решавање на проблемот со лошото однесување е да му се каже што лошо направило и да се предупреди да не го прави тоа повеќе. Проблемот е што на децата стално им говориме што да не прават, а многу поретко што да прават. На пример ако е детето упорно во тоа да оди босо, наместо да му повторуваме да не оди босо, бидејќи ќе се разболи, можеме да му кажеме да оди босо, но само по тепихот. Или ако упорно црта по ѕидовите кажете му дека сте слушнале колку добар сликар е и дека сакате да Ви нацрта една слика на хартија, која ќе ја урамите.
Бидете добар пример!
Многу родители попуштаат на детските барања, ако се однесуваат неубаво со цел да добијат што сакаат. Тоа е линија на помал отпор и едноставно решение. “Ако му дадам што бара ќе ме остави на мир и ќе престане да цимоли”. Да, ќе престане, но тоа ќе си го земе како образец на однесување и секогаш кога нешто сака, а не може да го добие, ќе се однесува лошо.
Задача на родителите е да им бидат добар пример на своите деца. Ако сакате Вашето дете да се држи до договорот, морате да се држите и Вие. Ако сакате да биде пристојно кон другите луѓе, ниту Вие не смеете да се препирате со соседот на сред улица.
И запомнете, немојте да се грижите што Вашето дете понекогаш не слуша, грижете се за тоа што постојано Ве гледа.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...