vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во блескаво издание се појавија Џенифер Лоренс во златен фустан на „Диор“, Лупита Нионго во модел на „Версаче“, Сандра Булок во свилен фустан украсен со злато на „Луј Витон“, а тесен светкав фустан со реси носеше Гал Гадот.

Фустани во јаки бои носеа Џенифер Гарднер, Никол Кидман, Ешли Џад, а во жар црвено беа облечени Алисон Џени и Мерил Стрип.


Нови стилски ѕвезди кои блеснаа на цвениот килим на Оскарите 2018 се Серша Ронан во светло розов фустан со волуменозна панделка на Келвин Клајн, и младата Зендаја која вчера носеше асиметричен фустан со набран дел на едното рамо од Џанбатиста Вали.


Исто така на црвениот килим на Оскарите заедничко беше што актерките избраа храбри креации кои го откриваат деколтето, грбот, или пак нозете под фустаните со висок шлиц, како и прирпиените креации кои ја откриваат силуетата.

Доминираа и бели и посветли тоалети – номинираната за Оскар Марго Роби носеше бел фустан од „Шанел“, а посветла палета избраа и Емили Блант, Лора Дерн и Алисон Вилијамс.

Ема Стоун како ново заштитно лице на „Луј Витон“ се појави во креација на овој париски бренд, но наместо фустан тоа беа сатенски панталони и бордо сако. Невообичаен беше и изборот на пејачката Сент Винсет која облече ултра кратка креација, дело на Ентони Вакарело за „Сен Лоран“. Мора да признаеме дека мини фустаните скоро никогаш не се избор за на црвениот килим на Оскарите.

Извонредно изгледаа повозрасните актерки кои одржаа лекција по холивудски гламур – ја видовме 93-годишната Ева Мари Сент во елегантен црн фустан со бели детали, 80-годишната Џејн Фонда изгледаше одлично во бел, тесен фустан со нагласени раменици и деколте на „Балман“, а Рита Морено се појави во истата креација што ја носеше кога пред 56 години го доби Оскарот за улогата во „Приказна од западната страна“.

Еве уште еден избор на изгледи од вчерашните Оскаи 2018…


Преземено: Stylist.mk
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Што ја подобрува плодноста кај жените?
Женската плодност зависи од повеќе фактори како возраста, овулацијата,...
Дали слабеењето или дебелеењето влијаат на овулацијата?
Значајните промени во телесната тежина можат да влијаат врз овулацијат...
Како се менува должината на бебето?
Растењето на бебето е постепен процес. Од мала ембрионална структура, ...
1, 2, 3 деца. Kако расте мајчинството?
Секое дете носи нова љубов, но и нова динамика во семејството. ...
Зошто температурата се менува во текот на циклусот?
Телесната температура може малку да се менува во текот на менструалнио...