|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со Снеже Велков: Мајчинството вреди секоја секунда

Редакција Рингераја, 7.12.2020
Симпатичното лице на Снеже ни стануваше се повеќе познато преку "Ред хот", "Бекстејџ", "Икс Фактор", "Големиот брат", "Вип на еден ден".И во време на пандемија и приморана пауза на последниот проект на тв екраните, Снеже е достапна за својата публика

image
/11


Доколку сте тип кој џогира во раните утрински часови на кејот на Вардар во Скопје, имате можност да ја забележите на нејзиниот велосипед и на некоја клупа внесена во своите вежби. А доколку ги преспивате утрата, тука се приказните на нејзиниот инстаграм профил.

 

Велков Снеже е дамата со која денес имам виртуелен кафе - разговор, а на ваше задоволство, ви го пренесувам истиот.

 

 

Една си од ретките јавни личности кои успеваат да го зачуваат приватниот живот подалеку од очите на јавноста.

Сопруга си и мајка на два синови.

 

Би почнала со најактуелното - како моменталната пандемија делува на твоето семејство?

На почеток ќе констатирам дека промените кои дојдоа со оваа ситуација многу полесно ги прифитија децата отколку ние возрасните.Помалиот син кој има 8 години го гледа тоа толку нормално што дури и ме праша:Мамо а ти кога беше мала исто вака си правеше( седење дома) кога имаше корона? Комплетно свесни се е за носење маска држење дистанца дезинфекција и сл..И едноставно не се напнуваат со тоа кога ќе заврши, зошто е така, кој е крив и сл...И тоа ми е баш драго.

А Она што го правам јас е да се оградам од сите лоши вести, сите нови напливи на информации, завери, предвидувања, црни или бели сценарија. Се обидувам по системот игнорирање,дистанцирање и дезинфицирање од лоши вести да се сосередоточам на убави работи кои ги носи секојдневието. Посветена на моите работни обврски па читање Убави книги, измислување нови рецепти, гледање поучни филмови, вежбање, мудри мисли, интерактивни игри со децата, чистење средување, прошетки на планина и езеро витамини за јакнење имунитет...

Не е дека не сум свесна исплашена и загрижена но сметам дека зборувањето и мислењето на оваа ситација постојано, може само да ми донесе лошо а не добро.

Затоа сум свесна и совесна, загрижена но не и манијакално оптеретена.

Сепак мораме да размислуваме на сопственото ментално здравје за да излеземе од ова способни и ментално и физички да продолжиме со животот.Тоа си го должиме и себе и на генерациите кои ги растеме.

 

На колку години стана мајка?

 Првиот син го родив на 24 а вториот на 29.Јас сум ви од онаа “стара школа“ пред 30 да се родат децата Хахаха.

 

Какви беа твоите бремености?

Со првата бременост имав големи мачнини на почетокот и заради повраќањата дури и изгубив на килажа..А потоа после 5 месец се си беше во најдобар ред.Се здебелив само 8 килограми.

Тогаш 2006/2007 немаше толку интернет информации за се и сешто па ниту бев исплашена ниту засекирана како ќе се породам колку е тешко што се се случува.Знаете како секоја бременост е слична но секој си ја доживува индивидуално и затоа и сметам дека можете да слушате и да читате но комплетно ваше право е да одлучите што ќе прифатите а што не, која  информација ќе ја земете за точна или ќе ја спроведете во пракса.Овде секако зборувам за општи инфомации не за медицкиски совети кои ако доаѓаат од вашиот лекар секако дека треба да се прифатат.

Со втортата бременост, во однос на мачнините полесно поминав но имавме еден момент кога требаше да се прави аминицинтеза превентивно да се види дали бебушот е добар.Тоа беше еден стресен моменти бидејки сепак станува збор за игла која треба да влезе во стомакот и да се земе плодова вода..Но изгледа страшно само вака опишано, во суштина е сосема тенка игла и целиот процес е комплетно безболен и многу брз...Го направивме заради наша( моја и на сопругот)  сигурност и комплетно потврдувам дека одлуката ни беше исправна.

Некаде имам читано дека после 30 година оваа анализа е задолжителна но не сум сигурна... А преку овој процес може да се утврди хромозомската структура на плодот.

Двете породувања ми беа по природен пат во Државна клиника и супер поминав.

Бебињата се родија со иста килажа 3050 гр..Јас се здебелив 8 кг..ги доев едниот до 2 а другиот до година ипол, во форма се вратив брзо...

 

sneze

 

Знаеме дека си веган, од здравствени причини. Колку тоа ти годеше или претставуваше проблем во бременост?

Јас воопшто не бев загрижена на тоа поле, повеќе се секираа тие околу мене...Бидејќи нели важеше она правило да јадеш за двајца да пиеш млеко и сл...

Ама не се сеќавам на името на Гинеколгот таа 2006 кај кого бев на почетокот на првата бременост кој ми кажа вака:Ти девојче се храниш подобро од скоро 80% од труднците кои ги водам така да ич да не се секираш и млеко ќе имаш и бебето супер ќе си биде. И така и би.И со двајцата.

Еве потврдувам дека бременостите ги износив без капка млеко да се напијам, без да јадам теста и чоколади, без месо и јајца. И освен оние витамини за мајки ништо друго не сум примала.

 

Твојот став за доењето?

 Доeње да, засекогаш и секаде! Нема ништо поубаво од тој чин.Прво заради блискоста, зарди смируваката моќ заради галењето и мазењето која ја носи со себе.

Јас бев од тие мајки кои доеја секогаш и секаде ако тоа посака бебето. Во кафуле, во парк, на роденден на плажа...Префрлав едно чаршавче врз себе и бебуш и си тераме работа.

Сметам дека тоа е најлесниот, најбрзиот,најевтиниот и најздравиот начин за исхрана на бебето.

На пример бебе плаче во 3 сабјле си лежиш на кревет го ставаш бебушот до тебе он цица ти си спиеш. Не треба да стануваш од кревет да се мачиш и да правиш млеко...

Секогаш сум за доење ако треба и може да се направи избор. Но доколку тоа не е возможно заради некакви здравствени причини кај мајката, да си биде мајката смирена и да знае дека и вештачкото млеко е подендакво добро и дека таа не е лоша мајка ако го храни со шишенце...

И само да додадам дека за доењето многу е важно да се пијат многу течности но не е непходно млекото од типот пиј млеко за да имаш млеко, еве јас како алергична на млеко и како мајка која немала проблем со имање млеко можам да потврдам од искуство дека тоа не е така...

 

Колку и како мајчинството те промени?

Кога се раѓа бебето се раѓа и мајката.Од раѓањето на бебето тоа станува приоритет број еден.Во се и за се. Најобичните секојдневни активности зависат од тоа мало човечуленце кое добива вселенска моќ за да може се’ да координира. И кога да станете, и кога да спиете, и кога да одите во вц и кога да седите а кога да стоите...Нeверојатно е ! Така што промената дојде природно и благодарана сум дека ми се случи, зошто со неа научив колку можам, колку сум силна, колку сум креативна и способна.Кога стануваме мајки се претвараме всушност во метафирички кажано октоподи со шест пипци и една глава која мисли на сто страни и пипци кои завршуваат неверојатно многу работи!

 

snezev

 

И покрај две деца, си доста си активна, спортуваш, читаш книги, готвиш... Како успеваш?

Не успевав се до оној момент додека не сфатив дека морам да најдам време за себе. Зошто добра мајка е онаа која се чувствува добро. А за да се чувствувам добро морам да правам работи кои ме прават да се чувствувам така. Со жаргон кажано издувен вентил.А мојот издувен вентил е вежбањето, читањето и готвењето. И сите три издувни вентили ми се за различни состојби.Нервозата ја смирувам со готвење. Депресијата со вежбање а демотивираноста со книги.Син ми веќе ме научи и стално ме прашува кога ке види дека земам да готвам по три четири работи одеднаш:Мамо кој те изнервира?хахах

Е сега требаше да се направи баланс со времето да не се подудара со обрските н а работа и домот.

Така падна одлуката ако немаш време создај го.И го креирав станувам рано сабајле два часа пред сите  додека сите спијат се полнам со енергија и со сите потребни позитвни мисли кои ми требаат за да го издржам бурниот ден

Ме прашуваат зошто рано сабајле возам:За да си ги чујам сопствените мисли,да создадам креативна идеја, да додесам квалитетна одлука, да медитирам и одморам...И после сум ко нова!

Едноставно е, текот на денот носи еден куп бучава и не ви дозволува да се сосредоточите на вистински важните работи. Затоа на секого му препорачувам да си најде време во текот на денот да го ужива сопствениот мир. Неопходно е, здраво е идефинитивно ќе ве направи подобар човек прво за себе а потоа и за околината.

 

Што би им порачала на идните и сегашни мајки?

Тешко е,мачно е, на моменти ве носи и до лудило, но мајчинството вреди секоја една секунда!

 

 

Подготви Марина Кљајиќ Петковски

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холисти...
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазвој и создавање на баланс во животот. Јас сум холист...
11
Разговор со Марина Карнер - креаторка на у...
андемијата ни ги измени животите на сите. Додека многумина останаа без работа, многумина успеаја да создадат свои бизнис...
6
Поддржуваме мали бизниси: Candle world
Денес разговараме со Дијана, креатор на Инстаграм профилот Candle world
5
На кафе кај @bibliophiles
“Најдоброто кино во светот е мозокот, а тоа ќе го сфатите кога ќе читате добра книга.” – Ридли Скот
4




Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?