|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што треба да знаете за третиот крајник?

Редакција Рингераја, 4.10.2018
Родителите се обично загрижени поради честите воспаленија на третиот крајник кај своите деца. Често тие се во дилема околу третманот, дали да се лекува со антибиотици или e подобро да се оперираат

image
/11


За што служи третиот крајник, каде се наоѓа и какви проблеми предизвикува кај децата се најчестите прашања на родителите.

Најчест проблем за децата во претшколска возраст

Покрај воспаленијата на непчаните крајници, кои се манифестираат со класична болка во грлото и покачена телесна температура, кај децата се чести и проблемите предизвикани со зголемувањето на аденоидните вегетации - третиот крајник. Третиот крајник е непарна лимфна жлезда, сместена на преодот од носот во грлото и е исто така дел од имунолошкиот систем со значајна улога во одбраната од инфекции. Бидејќи е сместен во еден релативно ограничен анатомски простор, неговото зголемување доведува до отежнато дишење на нос. Со растот на детето третиот крајник се намалува, а назофаринксот се зголемува, затоа проблемите предизвикани од хипертрофија на третиот крајник се најизразени кај децата од предучилишна и рана училишна возраст.

Третиот крајник го воспалува и увото

Децата со зголемен трет крајник не можат да дишат на нос, постојано се со отворена уста, спијат немирно и 'рчат додека спијат. Се будат уморни и деконцентрирани и имаат постојано секрет во носот кој не можат да го издуваат. Со тек на време добиваат карактеристичен израз на лицето – facies adenoidea. Кај овие деца се јавуваат и воспаленија на ушите. Имено, зголемениот трет крајник ги блокира фарингеалните отвори на Евстахиевите туби, каналчиња преку кои увото е поврзано со гркланот и кои се исклучително важни за правилно функционирање на слушниот апарат. Кога овие каналчиња се блокирани од зголемениот трет крајник, се создаваат услови за развој на воспаленија на увото, излив на секрет во средното уво и намалување на слухот. Исто така, зголемениот трет крајник може да биде и причина за хронична кашлица кај децата.

Дијагноза на воспален трет крајник

Оваа состојба тешко се забележува во почетокот бидејќи не може да се дијагностицира со обичен преглед кај матичниот лекар или кај педијатар. Затоа при секое сомневање за зголемен трет крајник, детето треба да се упати на дополнителни испитувања кај оториноларинголог. Современата дијагностика подразбира преглед со помош на камера и флексибилен ендоскоп-оптички инструмент со дијаметар од 2 мм кој нежно се воведува во носот на детето. Прегледот трае само неколку секунди, а на лекарот му даваат точна визуелна информација за големината, изгледот и положбата на третиот крајник и просторот каде тој е сместен. Прегледот е сосема безболен па децата на кои претходно им е објаснето што се очекува од нив, истиот го прифаќаат без отпор и плачење. Доколку кај децата се сомневаме дека дошло и до намалување на слухот, се прави аудиометриско испитување на слухот, како и тимпанометрија - тест со кој се утврдува постоење на излив во средното уво.

Хируршки третман

Хируршкото отстранување на третиот крајник се нарекува аденoидектомија. Најчеста причина за отстранување на третиот крајник е назалната опструкција, односно отежнатото дишење на нос. Децата со зголемен трет крајник обично имаат и опструктивна ноќна апнеа и ирегуларно дишење во тек на сонот. Намалувањето на слухот и рецидивантите воспаленија на средното уво проследени со дисфункција на Евстахиевата туба и излив во средното уво, исто така се индикација за отстранување на третиот крајник, обично со истовремена апликација на вентилациони цевчиња во мембраната.

Кога е најдобро да се изведе интервенцијата?

Хируршкото отстранување на третиот крајник е релативно едноставна хируршка процедура која се изведува во општа анестезија. Доколку постојат индикации за истата и претходно се поминати сите дијагностички процедури, интервенцијата може да се изведе во кој било период од годината. Не е потребна никаква посебна предоперативна пoдготовка на детето освен рутинските лабораториски иследувања и предоперативен анестезиолошки преглед.

Резултати видливи по операција

Заздравувањето по оперативно отстранување на третиот крајник е кратко. Децата се пуштаат дома обично по 24-часовен лекарски надзор. Болката, доколку ја има е минимална, може да трае еден до два дена. Исхраната по оваа интервенција е нормална со избегнување на топли напитоци. Ефектот од операцијата се забележува веднаш – родителите забележуваат дека детето веќе не 'рчи при спиење! Доколку со аденоидектомијата, поради постоење на излив во средното уво биле поставени и вентилациони цевчиња, уште првиот постоперативен ден се прави аудиометриска проверка на слухот. Обично уште на првата контрола слухот е уреден.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Станав мајка. Никој не ми кажа дека...
Кога бев бремена, сите живи ме предупредуваа на тоа што ме чека. Предупредувањата ме чекаа каде и да се појавев, дури и ...
7
Видео: Најгордиот татко на цел свет!
Ова девојче ги знае сите марки на автомобили, а има само две години. Нејзиниот татко е сигурно горд! Погледнете:
6
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
4
Ведрана Рудан со поддршка на Северина
Северина доби огромна поддршка по судската одлука нејзиниот син Александар да живее со неговиот татко Милан Поповиќ. Меѓ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?