Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
На сите деца им е потребна љубов и почитување, а посебно обрнување на позитивно внимание. Но колку често родителите ги користат поттикнувачките зборови “одлично”, “добро го направи тоа” или “точно така”? Без оглед на возраста, добрата комуникација меѓу родителите и детето и клучна за градење на самодоверба.
Самодовербата е индикатор за добро ментално здравје. Заради недостатокот на самодоверба не треба да се срамиме. Поединечниот сомнеж во себе, посебно за време на детството е сосем нормален, дури и здрав. Но лошата самодоверба не треба да се игнорира. Во одделни случаи може да биде симптом на некое ментално пореметување, или емоционална борба.
Родителите можат најмногу да им помогнат на децата да имаат добро мислење за себе и да изградат сигурни темели на самодоверба.
Тоа е важно бидејќи децата со добра самодоверба се : независни, одговорни, се гордеат со своите достигнувања, толерираат фрустрации, добро го поднесуваат притисокот од околината, им помагаат на другите.
Зборовите и делата имаат големо влијание на развој на самодовербата и детето се сеќава на позитивните изјави кои му ги давале родителите. Фразите како “Ми се допаѓа како ти...” или “Стануваш се подобар во...”, би требало да ги изговарате секојдневно. Родителите исто така можат да намигнат, да се насмеат, да го потупкаат по грб, или да го прегрнат детето,, покажувајќи му дека го почитуваат.
Што можат родителите да направат?
- Научете да размислувате позитивно. Многу е важно родителите да ги пренасочат неточните или негативните уверенија на децата и да ги научат како да размислуваат позитивно.
- Да избегнуваат критики кои се темелат на исмејување. Чувството на вина и негативната осуда градат лоша самодоверба и можат да доведат до емоционални пореметувања.
- Научете да донесувате добри одлуки и да препознавате кога детето донело добра одлука. Нека има свои проблеми. Ако ги реши, ќе изгради самодоверба. Ако Вие ги решите, ќе зависи од Вас. Имајте време да одговорите на неговите прашања и помогнете му на детето да смисли алтернативни решенија.
- Покажете му на детето дека можете да се смеете на сопствена сметка. Покажете му дека животот не мора постојано да биде сериозен. Вашата смисла за хумор е важна за самодовербата кај децата.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Дали е можна бременост по вазектомија?
Многу парови се прашуваат дали бременост е можно по процедурата познат...
Еднодневно мени за трудници богато со магнезиум
За време на бременоста, правилната исхрана е особено важна. ...
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?