vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кои се најубавите придобивки од јогуртот?
Корисното дејство на јогуртот се должи на неговиот состав - калциум, цинк, витамини. Освен тоа, познато е дека има антибактериско дејство, па затоа се применува за чистење и негување на кожата, како и за лекување на акни и различни кожни иритации. Јогуртот ја хидрира кожата и ја штити од сушење. Затоа јогуртот се користи и за справување со груба кожа на стапалата.
Како резултат на терапијата со јогурт, кожата станува еластична и мека на допир. Освен тоа изгледа посвежа, бидејќи млечни производи го забавуваат стареењето и ги кријат брчките. Јогуртот е корисен и за косата. Искористете го превентивно против првут, или наместо мелем за мека коса. Освен тоа маските со јогурт се справуваат успешно со заплеткана коса или уништени завршетоци на косата.
Рецепти со јогурт
Маски за еластична и мека кожа со јогурт:
Опција 1 – 3 с.л. јогурт, сок од половина лимон, 1 с.л. мед, 1 изматена белка од јајце. Сите состојки се мешаат и маската се нанесува на лицето. Треба да ви стои на лицето околу 15 минути и потоа исплакнете го лицето со млака вода.
Опција 2 – Измешајте 1 с.л. јогурт, 1 с.л. мед и половина рендана краставица. Потоа нанесете ја маската на лицето и оставете ја додека течноста се исуши. Потоа измијте со млака вода.
Маска за мрсна кожа - Измешајте ½ чаша јогурт и 1 лажичка квасец. Промешајте и нанесете ја маската на лицето. Почекајте да дејствува 5 минути и потоа исплакнете.
Маска за сува кожа - Испасирајте половина банана, додадете 1 с.л. мед и ½ чаша јогурт. Нанесете ја маската на лицето и почекајте 5-10мин. Потоа исплакнете со млака вода.
За секој тип на кожа - Измешајте 2 с.л. јогурт со 2 жолчки. Држете ја маската 5 минути на лицето и исплакнете со млака вода.
Пилинг со јогурт – 2 с.л. мелено кафе, 2 с.л. какао во прав, 3 с.л. јогурт и 1 с.л. мед се мешаат во чинија. Потоа, додека сте под туш, нанесете ја смесата на кожата со кружни движења и исплакнете.
Маски за коса
Маска против првут - ½ чаша јогурт, 1 с.л. мед и 1 с.л. јаболков оцет се мешаат. Маската се нанесува на косата и се останува да подејствува 15 минути. Потоа измијте ја косата со шампон и исплакнете.
Хранлива маска за коса - Наполнете ја косата со протеини, со тоа што ќе нанесете маска од 1 разбиена жолчка и 6 с.л. јогурт. Покријте ја косата со капа за бањање и почекајте 20 минути. Потоа измијте ја косата со шампон и исплакнете.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Која пумпа за млеко е најсоодветна за вашите потреби?
Рачна или електрична? Еднострана или двојна? Мала и дискретна или помо...
Редослед на воведување зеленчук кај бебињата
Кога бебето ќе започне со дохрана, родителите често се прашуваат со ко...
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Зошто секое бебе се развива со свое темпо?
Едно бебе ќе почне да седи порано, друго ќе прозбори порано, а трето м...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...