Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Во оваа искрена акција децата создаваат за децата. Дечињата од градинките изработуваат играчки кои ќе им бидат подарени на децата кои новогодишните празници ќе ги поминат во болница.
-Целта на проектот е здравите дечиња да научат да бидат солидарни, да научат да помагаат. Другата цел е да ги развеселиме дечињата кои новогодишните празници ќе ги дочекаат во болница со овие играчки кои се изработени со многу љубов. Се надеваме дека ќе им донесат и тон здравје, потенцира Симона Тренчевска, координатор на проектот „Прегратка на дар“.
Децата од градинката Раде Јовчевски- Корчагин, заедно со нивните родители и воспитуваачки изработуваат играчки кои ќе ги подарат со љубов, за тон здравје на болните дечиња. Во оваа градинка децата се учат да бидат хумани уште од „мали нозе“.
-Акцијата „Прегратка на дар“ е одлично прифатена меѓу дечињата и персоналот во градинката, затоа што ние знаеме дека етиката, убавото однесување, емоциите и моралот се развиваат уште на предучилишна возраст. Хуманоста се учи уште од најрана возраст, вели Злата Николиќ, директор на детската градинка Раде Јовчевски –Корчагин.
-Овој проект посебно го подржуваме бидејќи сметаме дека има исклучителна важност за развојот на емпатијата кај децата, односно за развој на несебичноста, љубовта, меѓусебното помагање и толеранцијата, потенцира Габриела Ѓоргиева педагог во градинката.
Бидејќи дечињата кои ги изработуваат овие играчки се на 4, 5 и 6 годишна возраст им помагаат и родители чиј одзив е навистина голем.
Пејачката Андријана Јаневска која е подржувач на оваа искрено хуманитарна акција важи за пример на останатите естрадни уметници.
-Ги повикувам сите други, да се вклучат во оваа акција, бидејќи тие дечиња навистина заслужуваат да ја почувствуваат домашната атмосфера на прославувањето на новогодишните празници иако се во болница, вели Јаневска.
Овој проект наиде на голем интерес. Опфатени се околу 150 градинки од Македонија и неколку основни училишта, а вклучени се и неколку хумани македонските семејства.
Проектот, освен општествена одговорност, со себе носи многу хуманост, искреност, љубов и топлина.
Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. |
4
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Нормална телесна температура кај новороденчиња и бебиња
Телесната температура кај новороденчињата и малите бебиња може малку д...
Грип за време на бременост - симптоми, ризици и заштита
Бременоста носи многу промени во организмот, а една од нив е и промена...
Бета hCG (хуман хорионски гонадотропин) е хормон кој почнува да се соз...
Како да ја следите овулацијата во домашни услови?
Следењето на овулацијата дома може да им помогне на жените подобро да ...
Што се случува со бебето во првиот месец од животот?
Првиот месец од животот е период на огромни промени за новороденчето. ...