Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Позитивниот став не доаѓа сам од себе. Потребно е да го вградите во детскиот став за животот и тоа од најмала возраст. Оптимистичното дете ќе се радува на својот и успехот на другите и со поголемо трпение ќе ги прифати своите обврски, а со помалку разочарување своите порази и неуспеси. Најдобар начин да одгледате оптимистично дете се пофалбите и поддршката.
Научете го детето да се фокусира на успех. Така повеќе ќе се цени себеси. дајте му едноставни задачи и пофалете го кога ќе ги изврши. Дури и најмалите деца можат да извршат едноставна задача (пр. на Ви ја донесат книгата, да ги стават играчките во кутија...)
Родителите исто така треба да се фокусираат на квалитетите на детето и да ги пофалат секогаш кога ќе им се даде можност. Пример:”Гледај колку убаво си ги наредил коцките, ти си многу паметно момче. Дури си ги наредил и по бои. Браво!”. Ако детето кое оди на училиште учело напорно за тестот, пофалете ја неговата работа без оглед на тоа дали ќе добие добра оценка. Тоа ќе биде одличен поттик за сите успешни задачи во иднина.
Пофалбата ќе го разбуди оптимизмот кај детето, но не давајте пофалби без причина. Ако детето во нешто не постигнува успех, пофалбата ќе биде контрапродуктивна. Овде е потребна поддршка и охрабрување. Охрабрете го детето да се обидува додека не успее, а можете и малку да му помогнете.
Секако тоа не значи дека дете кое не е музикално треба да го охрабрувате да пее во хор, но ако учи да фаќа топка, потребни му се неколку обиди за да успее. Така ќе научи да прифаќа предизвици.
Ако детето се соочи со неуспех, не се фокусирајте само на тоа. Помогнете му да се сети на своите успеси и разговарајте за пречките кои ги совладало. Ако заедно откривате нови предизвици и можности, Вие сте на вистинскиот пат да изградите позитивен став спрема животот кај своето дете. На пример:”Научи да пливаш сјајно, бевме горди на тебе кога го преплива базенот. Сега кога тоа го владееш, можеш да пливаш и да нуркаш, па и да го препливаш базенот два пати!”
Ако сте и Вие оптимисти, голема е веројатноста и Вашите деца да бидат оптимисти. Децата скоро во целост ги преземаат ставовите на родителите за животот. За да го поттикнете оптимизмот кај детето поттикнете ја креативноста. Ако врне дожд, помогнете му на детето да осмисли игри и активности во домот. Можете да му предложите некои креативни активности, како што е правење на фигури од пластелин, глина или некој друг материјал. Ако се работи за постаро дете, помогнете му да ја спознае позитивната страна на лошото време во неделното попладне:”Не е толку лошо што врне дожд. Конечно можеш да ја прочиташ сликовницата која ја купивме, а јас ќе направам вкусни колачи. Колку прекрасен ден!”
Многу е едноставно: децата учат од нас. Ние сме им пример. Бидете оптимист за да биде и Вашето дете оптимист.
Животот е убав и покрај се', нели?
забава Бремените
Автор: bobik
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Мајчинство и сексуалност. Како се менува интимноста?
Мајчинството е патување исполнето со љубов, предизвици и големи промен...
Како да се справиш со првите мајчински стравови?
Стекнувањето на титулата мајка е едно од најубавите, но и најпредизвик...
Секој ден ни е подарен како празна страница. Но, често, наместо да ја ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?