|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Предвремена ејакулација

Редакција Рингераја, 30.1.2014
Предвремена или прерана ејакулација е еден од најчестите сексуални проблеми. Најчесто се опишува како неможност за одложување на ејакулацијата до моментот кога тоа е пожелно за обата партнери. Како да се надмине?

image
/11


 

 

Додека некои мажи ејакулираат со многу мала сексуална стимулација, обично непосредно по пенетрацијата, кај некои ејакулацијата се случува по 5-10 минутен секс.

Вистинската прерана ејакулација е состојба кога мажот не чувствува дека ќе ејакулира се до моментот додека се случи тоа, што значи дека не ја држи возбудата под контрола додека има ерекција, или додека продира во вагината.

 

Причини за прерана ејакулација

Во најголем број од случаите прераната ејакулација е одредена од психолошки фактор. Психолошките причини вклучуваат депресија, стрес заради егзистенцијални проблеми, постојан психолошки притисок на работа и во околината, недостаток на самодоверба, нереални очекувања од сексуалниот чин и анксиозност. Прераната ејакулација исто така може да биде поврзана со Паркинсонова болест, оштетување на 'рбетот и употреба на некои лекови.

 

Кога и како се јавува предвремена ејакулација?

Поголемиот број од мажите го искусиле овој проблем во текот на својот сексуален живот. Најчесто се случува кај адолесцентите, но ги погодува и сексуално активните мажи од сите возрасти.

Прераната ејакулација најчесто се јавува во текот на првото сексуално искуство и во тој случај е обично предизвикана од страв и нервоза. Повеќето мажи постапно учат да го контролираат својот оргазам. Сексуалното однесување е исто така важно. Помладите мажи побрзо ејакулираат од постарите, бидејќи со искуство се учи да се контролира ејакулацијата.

Прераната ејакулација може да се случи во тек на предиграта, за време на пенетрација, или порано или подоцна во тек на сексуалниот однос, но во секој случај пред партнерката да доживее оргазам.

 

Што може да се направи за да се одложи ејакулацијата?

Успех може да се постигне со лекови, различни техники на штипење или застанување и продолжување. Сексуалните терапевти им препорачуваат  на паровите проширување на сексуалните активности и вклучување техники кои не бараат набрекнат пенис, па задоволувањето на партнерката е потполно можно и откако мажот ќе доживее оргазам. Кога вниманието ќе се тргне од пенисно-вагиналниот однос, стравот на љубовниот пар обично се намалува и се овозможува подолготраен сексуален однос .

 

Masters& Johnson метод

Најдобар начин во борбата против прерана ејакулација е учење, препознавање и контрола на чувството кое води до оргазам. Masters& Johnson методот служи за тоа. Оваа метода бара многу трпение и вежбање, но е многу ефективна.

Може да се почне со мастурбација.  Доведете се себеси до точка која е блиску до оргазам и потоа престанете, па смирете се и опуштете се пред повторно да почнете. Секој пат кога тоа ќе го направите приближете се до оргазам се поблиску и поблиску се до моментот кога повеќе нема да можете да го контролирате. Повторувањето на оваа постапка многу пати и во различни прилики ќе ви помогне да научите каде е вашата точка во која доживувате оргазам. Кога еднаш ќе ја препознаете точката од која нема враќање, можете да ја замолите партнерката да ви помогне. Со својата партнерка испробајте сексуална стимулација која не вклучува пенетрација, како мастурбација или орален секс, па постепено одете до точката непосредно пред ејакулација. Во тој момент сигнализирајте и на партнерката да престане, па допуштете си делимично губење на ерекцијата. Повторете го тоа повеќе пати. Овие чекори треба да се преземаат неколку дена пред да се премине кон вагинален секс. Во моментот кога ќе се чувствувате подготвени за вагинален секс, легнете на грб и кажете и на партнерката да ви овозможи побавна пенетрација. Штом ќе почувствувате дека сте блиску до ејакулација, покажете и на партнерката нежно да се подигне нагоре. Малку опуштете се и почнете одново. За кратко време ќе научите да ја контролирате својата ејакулација и да уживате во сексот.

Иако оваа метода е исклучително ефективна, можат да поминат и неколку недела пред да ја постигнете целта. Ако не успее веднаш, потребно е уште труд. Се работи за процес за кој треба време.

 

Техника на стискање

Оваа техника е варијација на Masters& Johnson методот. Дозволете и на партнерката, непосредно пред вашиот оргазам, цврсто да ја стисне главата на пенисот на 15-20 секунди. Тоа ќе ја спречи ејакулацијата и може да ја намали ерекцијата. Палецот на става на долната страна на главата (френулум) додека првите два прсти треба да бидат на главата од горната страна. Стискањето ја насочува крвта од пенисот назад и на тој начин се намалува ерекцијата. Ова метода може да се направи најмногу три пати во текот на еден сексуален однос. Потоа партнерката со стимулација треба да ве доведе до повторна ерекција и да ја повтори техниката со стискање.

 

Техника на мирување

Кога пенисот е во вагината, не смеете да мрдате ни вие ни партнерката, ниту да правите некакви  движења. Треба само да се концентрирате на чувството кое го имате. Кога ќе ви се причини дека сте блиску до ејакулација, излезете од партнерката.  По повторното продирање во вагината направете го истото. Во почетокот е тешко да владеете со ејакулацијата, но само е прашање на време кога ќе успеете во тоа. Може да се случи ерекцијата да опадне додека мирувате во вагината и тогаш замолете ја партнерката малку да ве стимулира, или да ги стиска вагиналните мускули, додека пенисот повторно не се зацврсне. Пенетрацијата треба да се повтори неколку пати во текот на односот.

 

Останати техники

Десензитирачките кремови се производи кои можат да се најдат на пазарот и кои наводно го намалуваат чувството во текот на половиот однос и му овозможуваат побрзо да трае. Мажите ги сметаат овие производи за ограничувачки бидејќи го намалуваат доживувањето.

Кондомите се исто така ефектен начин  за намалување на количината на стимулација во текот на сексуалниот однос. Некои мажи кажуваат дека кондомот им помага во контролата на прераната ејакулација бидејќи им ја намалува возбудата.

Сексуалната положба може исто така да влијае на ејакулацијата. Мисионерската поза каде мажот е над партнерката не е најдобра додека се обидувате да остварите контрола над ејакулацијата. Обидете се со лежење на грб и дозволете и на  партнерката да ја води играта. Во оваа положба сте поопуштени и полесно можете да ја контролирате партнерката.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
5
8 Невестински фустани на познатите личности
Ви претставуваме неколку невестински креации на познатите личности, кои можеби ќе помогнат во вашиот избор на невестинск...
3
Fluffy Egg Шумливи купки
Многу слатко, многу чудесно и МНОГУ розево шумливо јајце
3
Разговор со Марина Карнер - креаторка на у...
андемијата ни ги измени животите на сите. Додека многумина останаа без работа, многумина успеаја да создадат свои бизнис...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?