|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пелтечење кај школските деца

Мр. логопед Светлана Трнинкова, 30.8.2021
Пелтечењето е нарушување на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата кое што влијае на многу аспекти од животот на лицето кое пелтечи

image
/11


За да кажеме што е пелтечење мора прво да се каже што подразбираме под флуентен течен говор. Под флунетен говор се подразбира лесен, течен, природен говорен тек, без напор, без неволни прекини, повторување и продолжување на јазичните единици. Едно нормално зборување треба во себе да содржи редослед во исказот, да има свое треање, соодветна брзина на зборување, ритам и течност.

Пелтечењето е нарушување  на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата кое што влијае на многу аспекти од животот  на лицето кое пелтечи. Дисфлуентниот говор во еден период на детскиот живот се карактеризира како обична нормална дисфлуентност и права или патолошка дисфлунетност на говорот. Пелтечењето е значи нарушување на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата  на ритамот и темпото на говорот. Лицето точно знае што сака да каже, но во исто време  е и неспособно тоа да го каже, заради повторување, продолжувае или запнување  на некој глас. Дисфлуентниот говор кај децата може да се појави во повеќе форми и облици едно од нив е како

- Пелтечење

- Брзоплет говор

- Патолошки спор говор.

- Многу заболувања на мозокот можат во себе да ги содржат горенаведените форми на дисфлуентен говор. Кај афазиите, деменциите или алцхајмеровата болест.

Родителите треба да се добро информирани од страна на логопедите со основни информации се со цел да знаат кога и во кој период од детскиот живот да побараат помош. Децата кои пелтечат имаат нормална интелигенција. Нервозата не е причинител за пелтечење како примарен фактор, тие конституцуски не се нервозни, исплашени, вознемирени или срамежливи .

Многу родители мислат дека пелтечењето ќе се добие со слушање или имитација на друго дете. Пелтечењето не може да се добие преку имитација или слушање на друго лице кое пелтечи. Родители кои имаат деца кои пелтечат не треба да ги советуваат своите деца од типот длабоко да вдишат пред да почнат да зборуваат или пред да зборуваат добро да размислат што треба да кажат. Ако овие реченици често им ги повторуваат родителите на своите деца може само да се влоши флуентноста на говорењето. Сета оваа состојба се доведува до едно свесно ниво. За да се појави пелтечење потребни се и средински но и наследни фактори. Повеќе од 5% од децата поминуваат во период на пелтечење кое трае повеќе и од 6 месеци. Кај повеќето од нив пелтечењето може и спонтано да исчезне, кај многу деца е потребен соодветен логопедски третман, но кај 1% пелтечењето останува за цел живот.

 

Родителите треба да се информирани на која возраст почнува сериозното пелтечење и кои временски периоди се критични во детскиот развој за развивање на пелтечењето.

Логопедите се тие кои треба да ја информираат јавноста дека критични периоди за појава на пелтечењето се од

- Втората до третата година

- Помеѓу четвртата и петтата година

- Околу седмата

- Пубертет

- Период на зрелост

За успешна работа потребно е добра информираност и на родителите и на другите стручни соработници кои се во воспитнообразовниот процес, но и постојана едукација на логопедите. Со соодветен логопедски третман ќе се прекине ланецот на напнат говор и ќе се учи еден нов и опуштен говор, кој постепено ќе овозможи запирање на напнатиот брз и дисфлуентен говор.

Треба да се знае дека пелтечењето се манифестира со клонични грчеви, потешки се тоничните кога има веќе видливо затегнување на вратните мискули и мимичната мускулатура на лицето, зацрвенување и блокада или затишје пред да се испровоцира глас. Често е развлекувањето на гласови, слогови и фрази. Често е вметнувањето на зборчиња, чести паузи, страв од говор, физиолошки реакции и тикови.

Според возраста пелтечењето го делиме на пелтечење кај деца и пелтечење кај возрасни.

Пелтечењето кај децата го делиме на физиолошко, развојно и неврогено.

Физиолошкото пелтечење се манифестира во вид на повторување на зборови, фрази, или пак во развлекување на вокалите. Кај овој вид на пелтечење најчесто имаме спонтано опоравување, затоа пелтечењето е само физиолошки одраз на целокупната состојба во мисловно јазичкиот и вербален процес. Развојното и неврогеното пелтечење веќе се индикација за логопедски третман. Кај возразните лица имаме развојно и неврогено пелтечење, кое може да престанало со логопедски третман, но после прекинуваето пак да продолжи и да егзистира цел живот.

Стресот како примарен причинител не го предизвикува пелтечењето. Но атмосфера тензична, напната, каде се чести опоменувањата на родителите доведува до тоа  да го фиксираат пелтечењето и да се влоши клиничката слика. Пелтечењето започнува во момент кога ќе се здружат конституциски стекнатата предиспозиција, комплексната фаза од говорно –јазичниот развој и околината која бара поголеми очекувања и постигнувања.

Кога детето пелтечи тоа си мисли дека  единствено само тоа го има овој проблем. Многу полесно ќе му биде кога ќе слушне од логопедот, педијатарот, педагогот дека и многу други деца го имаат овој проблем и дека тоа не е ништо страшно. Кога се работи за совети за родителите важи правилото дека колку порано се открие пелтечењето и се подложи детето на логопедски третман толку е подобро. Сите луѓе кои се во контакт и зборуваат со детето се одговорни и за неговото ментално здравје. Денес нема етикетирање на децата и потсмев сето ова е надминато благодарение на едукацијата на родителите. Многу се ретки и случаевите и да има подсмев и имитирање од страна на децата. Такво однесување не постои во училишната средина помеѓу другарчињата, едукацијата и брзиот пристап до информации си го прави своето да функционираме на едно повисоко интелектуално ниво.

Сите луѓе кои се во контакт и говорат со детето се одговорни и за неговата превенција но и за соодветните активности кои ќе ги превземат за добар, правилен и течен говор. Најголемо влијание имаат оние кои постојано се со детето и кои го сакаат. Децата разбираат многу повеќе одколку што можат да кажат. Да се разговара со децата уште во многу рана возраст, правилно без искривување на зборовите и подржување на бебешкиот говор на детето. Да им се пеат песнички, да се шетаат во природа, да посетуваат градинка каде ќе се социјализираат и поистоветуваат со своите врсници, да има реакција на одложување на потребите на детето, да се научи на стрпливост, да почека и полека да сфати дека има одредени правила кои се непишани но се почитуваат и стануваат обрасци на правилно и логично однесување. Заеднички да се средуваат играчките и непосредниот простор и така ќе стекнува одредени работни навики и активности. Сите насилни содржини на интернет и на мобилните телефони строго да им се контролираат како и избегнување на подолго седење пред мобилни телефони.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да се подигне добро дете?
Научете како правилно да го подигнете Вашето дете.
3
Груб моторен развој I
Стандард 1 : Детето може да ја одржува рамнотежата на телото
3
Груб моторен развој II
Стандард 2: Детето може да ги контролира деловите од телото
3
Груб моторен развој III
Стандард 3: Детето може да се движи координирано со цел
3




Анкета

Koj e polot na vaset_o prvo dete?
Jana9

Koj e polot na vaset_o prvo dete?

Zensko (50%)

Masko (50%)


Број на сите гласови: 10

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!